ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кацарска-Гир: ЕУ со силна поддршка за Уставниот суд бидејќи го гледа како централна институција во процесот на реформи

November 21, 2022 14:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европска Унија, амбасадорот Дејвид Гир. Средбата е одржана на барање на евроамбасадорот Гир кој во име на ЕУ изрази силна поддршка и посочи дека го гледа Уставниот суд како пример, централна институција која ќе го предводи процесот на реформи во пристапните преговори, известија од судот.

„Верувам Уставниот суд ќе биде пример на останатите институции во унапредување на реформскиот процес, бидејќи вие сте на самиот врв на владеењето на правото. Знам дека работите многу за да го одржите Уставниот суд дисциплиниран, транспарентен и да го одржите квалитетот на работата на многу високо ниво. Знам дека сите овие напори ги правите во период кога имате недостаток на судии и токму затоа и ја користам секоја прилика и средби со претставници на политички партии за да упатам важни пораки и побрзо да се комплетирате,” посочи амбасадорор Гир.

Претседателката Добрила Кацарска го запозна амбасадорот со промените кои се случуваат во Уставниот суд во поглед на одлучувањето и праксата со предметите. Потенцираше дека се прави суштинска разлика во постапувањето на Уставниот суд, од пред неколку години и денес, бидејќи Судот се почесто одлучува да поведе постапки за неуставни или незаконски одредби, за предмети коишто порано се отфрлани иако биле со очигледни неуставни елементи.

„Во последниот период имаме бројни примери со поведувања на постапки, што значи сме изразиле сомнеж во уставноста на некои одредби или прописи, оние кои се штетни за граѓаните сме одлучиле да ги укинеме или поништиме и со тоа престанале да бидат дел од правниот поредок, се почесто се впуштаме во мериторно одлучување по барања од граѓани, наместо како претходната пракса Судот веднаш да ги отфрла”, кажа Кацарска.

Кацарска посочи дека функционална институција ќе значи надминување на проблемите со недостатокот на судии, односно пополнување на Уставниот суд со уште двајца нови судии, а од 7 декември кога истекува мандатот на судијката Вангелина Маркудова,  Собранието ќе треба да избере уште еден судија.

„Имаме 51 предмет кои изминатата година не добија мнозинство гласови поради недостатокот на судии. Сосема малку се подобри ситуацијата со двајцата нови уставни судии, но тоа е незадоволително, мора да се изберат и останатите бидејќи имаме исклучително важни предмети за државата како предметот за Преспанскиот договор, Законот за јазиците, Законот за јавното обвинителство кои ќе ги ставам на дневен ред кога ќе биде Судот во полн капацитет, ” кажа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дејвид ГирЕУинтеграцииправдаУставен суд

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи

June 8, 2025

Од утре пад на температурите и услови за пороен дожд и грмежи

June 8, 2025
Немири во Лос Анџелес. Фото: Скриншот

Градоначалничката на Лос Анџелес демантира распоредување на Националната гарда во градот

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk