ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини во Брисел: Зелена транзиција е наш приоритет, но е потребна техничка поддршка за да ги постигнеме целите на Европа за 2030 и 2050

November 22, 2022 14:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествува на годишниот состанок на Иницијативата за региони со јаглен во транзиција за Западен Балкан и Украина чија цел е да овозможи дијалог и споделување на знаењата помеѓу засегнатите страни за постепено напуштање на јагленот, како дел од енергетската трансформација кон употреба на чисти и обновливи извори на енергија во регионот.

Во панел дискусијата: „Стратешки пристап кон напуштање на јагленот: Дали енергетската криза стана поттикнувачки фактор?“, министерот Нуредини говореше за политичките и финансиските перспективи за праведна транзиција на нашата држава, како и за роковите за напуштање на јагленот и преминување кон новите извори на енергија што ги наведе Енергетската заедница, но во исто време и енергетската криза со која се соочуваме, наложувајќи прераспределба на буџетски средства од веќе предвидените проекти.

„Сметам дека токму ние сме можеби најамбициозната земја на Западен Балкан кога станува збор за емисиите на стакленички гасови. Посветени сме на нашата стратегија за 2030 година, и ќе направиме целосна транзиција на напуштање на употребата на јаглен. Идеално како што планираме ова би требало да се случи до 2028 година. Сега, за жал, би требало да го одложиме за уште една или две години. Реалноста е дека ние исто како и секоја земја во Европа, почнавме да користиме повеќе фосилни горива. Како држава произведуваме за жал само 75% од енергетските потреби за нашата земја и секогаш увезуваме приближно 25%. Сегашните цени во Европа всушност многу силно го погодија буџетот. Мораме да прераспределуваме, да бидеме многу флексибилни, да ставиме во мирување некои проекти кои се сметаат за важни кон процесот на пристапување во ЕУ, затоа што сега единствено се фокусираме на одржување на цените на енергијата да бидат пониски за нашите граѓани”, истакна министерот Нуредини во неговото излагање.

Тој ја истакна и потребата од регионална соработка преку интеграција и што е можно повеќе регионални проекти како решение на проблемите, додавајќи посебен акцент на техничка поддршка и поевтина технологија, со што овој процес на зелена транзиција ќе биде полесен и финансиски издржлив за нас како држава.

Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина е основана во декември 2000 година, за да им овозможи на земјите од регионот полесна и праведна транзиција кон јаглеродно-неутрална економија. Таа им обезбедува на регионите што користат јаглен приостап до финансиски средства за проекти и програми за транзиција. Иницијативата е водена од Европската комисија и нејзините меѓународни партнери.

Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, долгорочното социо-економско сценарио, со кое на регионот ќе му се обезбеди одржлива иднина.

Next Post
Фото: КИФ ЗБ6 Данијела Ковач

Чадеж: Време е за доверба, мандатот во КИФ му го предавам на претседателот на Стопанската комора на Косово

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk