Аналитичарот Ненад Јовановиќ вели дека не е сигурен оти нашите граѓани се за неутрален став на земјава околу прашањето за војната во Украина.
Во коментарите кои што можам јас да ги прочитам, граѓаните јасно зборуваат и пишуваат дека ја осудуваат руската агресија во Украина и мислам дека сите во моментов ја користат и злоупотребуваат оваа војна за да пумпаат наративи во сопствените табори, кажува Јовановиќ.
Според него, не е јасно дали се менува расположението кај граѓаните во земјава или тоа е генерирано.
Мојот став е сепак дека мора да се влезе во директно поддржување на Украина и ЕУ. Можеби ова звучи парадоксално, но на сите оваа војна им е некако потребна освен на Русија и Путин, вели Јовановиќ.
Според последното истражување кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ за порталот МКД повеќето граѓани на земјава не се задоволни од надворешната политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија и не ги одобруваат санкциите кои Македонија ги спроведува кон Руската федерација. Сепак, според дел од аналитичарите, во изјава за „Локално“, ваквите податоци се зачудувачки и сметаат дека секој човек мора да ја осуди руската агресија.