На панелот на Цивил на тема „На чија услуга е балансерот“, се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата, истакнуваат од ЦИВИЛ.
„Советот е мултиетнички. Чаир е една од најмултиетничките општини. Живееме добро, немаме проблеми. Имаме и етнички, родов, социјален баланс во општината. Можам да кажам дека Чаир е една општина каде не се злоупотребува балансерот и токму Општина Чаир треба да се земе како пример за тоа како балансерот треба да функционира“, вели Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир.
Но морам да кажам дека тие коишто го направиле балансерот оставиле дупки за да може да се злоупотребува, додаде Асани.