ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Чадиковски: Формирање на фонд за медиумски продукти, еден од приоритетите на кои ќе работиме во првите шест месеци

November 28, 2022 13:34
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Формирање на фонд за медиумски продукти е законско решение на кој ќе работи Здружението на новинари во првите шест месеци од новиот мандат, со цел да се подигне и квалитетот на сите медиуми. Тоа значи дека новинари, групи на новинари, сниматели или фоторепортери, па и самите медиуми ќе можат да аплицираат за добивање пари за креирање на квалитетна содржина, најави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и кандидат за нов мандат во разговор за ЦИВИЛ медиа.

-За овој Фонд парите би се обезбедиле од Буџетот на Северна Македонија, иако во принцип не сакаме државни финасии да се мешаат во новинарството, но сепак ова се пари на граѓаните и ќе се користат за интерес на граѓаните каква што е оваа наша идеја, особено што ќе биде едно независно тело составено од професионалци би биле евалуатори на она што ќе доаѓа како квалитет за да овие проекти и овие пари дојдат на вистинските места, бидејќи поентата не е да се богатат сопствениците на медиумите, туку да дојдат до оние кои ја креираат содржината, додаде тој.

Според Чадиковски состојбите во новинарството во земјава се комплексни од повеќе аспекти, Македонија е мал пазар каде функционираат голем број на медиуми и голем дел од тие медиуми секојдневно се борат на пазарот за да опстанат, да понудат подобар производ, но тоа не секогаш е можно бидејќи не секогаш дава сериозен развој во медиумската сфера. Тоа еден проблем кој е наследен и не може за еден ден да се реши, но може да се каже дека генерално состојбите во медиумите можат да се подобруваат од неколку аспекти.

-Сега е едно друго време кога и слободата на говорот но и на мислата беа нападнати, сега нема таков директен напад врз слободата на говорот, но има еден друг проблем тоа е финасиската зависност, од каде работите може да се менуваат но мора да се направат системски решенија. Токму затоа ние како ЗНМ направивме неколку клучи работи како што е Законот за клевета и навреда , кој веќе помина во Собраинето каде казните за новинарите се намалија и до пет пати. Казните беа преголеми, за новинар сумата беше до 2000 евра, за уредник до 6000 евра и околу 10.000 евра за медиумот, така што ова ја релаксира слободата на новинарите, што не значи дека не треба да се грижат за професионалните стандарди, односно дасе пишуваат неточни информации, напротив тоа е и новинарската основна мисија, додаде Чадиковски.

Како што посочи тој вториот закон која ја помина првата фаза, а за еден месец треба да помине и во Собранието е законот со кој нападите врз новинарите ќе се сметаат како напад врз службени лица и ќе се гонат по службена должност.

– Не се само физичките напади врз новинарите проблем за медиумските работници. Тие се соочуваат и со он-лајн напади, закани по живот, а навредите спаѓаат во корпустот што овој Закон сега ќе го опфати. Новинарите сега нема да треба да одат сами да пријавуваат напади, туку Обвинителството по службена должност да ги гони напаѓачите, вели првиот човек на ЗНМ.

Тој додаде и дека треба да внимаваме како го негуваме професионалното новинарство и во допистништвата, односно внатрешноста на земјата бидејќи темите од локално и регионално занчење се од големо значење за луѓето кои живеат надвор од Скопје.

-Постои многу простор за реформи во јавниот сервис и во АВМУ. Бидејќи во политиката не може секогаш да се најде заеднички јазик, затоа ните потпишавме меморандум за обуки на новинарите, снимателите од четирите програмски сервиси со цел да се подигне квалитетот на содржините, а планирани се 40 обуки годишно и за останатите медиуми. Никој не е роден научен сите треба да учиме, се менуваат условите, ако сакаме да креираме модерни содржини сите треба да се вклучиме во процесот на учење, рече Чадиковски.

Next Post

„Јуритмикс“ се обединува повторно за светска турнеја вредна 100 милиони фунти

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk