Имаме сериозна можност секој наш граѓанин да има бенефит од пристапниот процес, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во ТВ21 зборувајќи за пристапниот процес кон ЕУ.
Тој истакна дека кога стапил на вицепремиерското место до Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) испратил писмо со проекти кои се блокирани во општините, а парите се обезбедени преку ЕУ фондовите.
Имаме проект во Лозово од девет милиони евра, за отпадни води од индустријата, а со одлука на Советот тој проект е запрен, зашто наводно не бил еколошки, а во Хрватска е успешен. Тоа беше решение на новиот градоначалник на општината, рече Маричиќ.
Според Маричиќ, тоа покажува дали навистина сакаме во ЕУ или само декларативно сме за ЕУ.