ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата обезбеди поевтина струја, од денеска почнува намалувањето на цените на основните прехранбени продукти

December 1, 2022 14:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на основните прехранбени продукти од денеска треба да почнат да се намалуваат откако Владата им излезе во пресрет на производителите со субвенционирање на електричната енергија, односно промена на начинот на наплата и плаќање на поевтина струја.

Од денеска до 30 април идната година кога истекува кризната состојба во енергетиката, повеќе компании од прехранбената индустрија, јавни, водоводни, комунални претпријатија и основни и средни училишта ќе се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ продажба“.

Минстерот за економија Крешник Бектеши вчера, во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 појасни дека производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно. Тој очекува од денеска да почне намалувањето на цените согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија.

„Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија“, рече Бектеши.

Спроведувањето на најавените намалувања ќе го контролира и Пазарниот инспекторат, па министерот ги повика граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да пријават.

Согласно одлуката на Владата, компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, за основните и средните училишта субвенционираната цена ќе биде по 95 евра за мегават час исто како и за јавните претпријатија од областа на  водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици.

За субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од денеска, 1 декември, рокот за пријавување беше до 23 ноември. Сите што се пријавиле од денеска можат да ја користат мерката за субвенционирано снабдување со електрична енергија и за возврат ќе треба да ги намалат цените на производите.

Согласно сите анализи кои се направени од страна на Министерството за економија и другите институции, како што истакна Бектеши намалувањето за 10 отсто е реално.

Што се однесува до месото и месните производи, групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора, денеска соопшти дека цените на нивните продукти се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. За да се намали, пак, цената на месните производи веднаш, за над 10 – 15 проценти, потребно е ослободување од царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022.

Извор: Бриф

 

Next Post

Тутунопроизводителка за своето искуство со откупот: За првпат годинава го продадов тутунот без нервози

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk