ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Бугарија ѝ се заканува со одмазда на Холандија околу Шенген

December 5, 2022 12:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Службената бугарска влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија стават вето за членството на Бугарија во Шенген, изјави премиерот Галаб Донев.

Тој верува дека во останатите денови „може да надвладее разумот“ кај партнеритете од Шенген.

„Силно се надеваме дека нема да бидеме соочени со таква неопходност. Напротив, веруваме дека сепак ќе надвладее разумот и позитивната волја на огромното мнозинство од земјите-членки“, посочи Донев, јавуваат бугарските медиуми. Тој не прецизира прецизира на какви контрамерки мисли.

Една од најблиските работи со кои Софија може да се одмазди е околу изборот на шеф на агенцијата за гранична контрола на ЕУ, Фронтекст. Холандскиот генерал Ханс Лајтенс е еден од водечките кандидати за директорското место во Фронтекс и веројатно премиерот Донев мисли на неговото именување.

Галаб Донев во понеделникот свика средба со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, министерот за надворешни работи Николај Милков и министерот за правда Крум Зарков откако Холандија јавно објави дека нема да гласа за влегувањето на Бугарија во Шенген зоната.

„Бугарија не се откажа од Шенген. Имаме уште три дена“, рече Донев.

Според него, условите за членство во Шенген се целосно технички и Бугарија ги исполнила уште во 2011 година, што е признаено од речиси сите земји членки, Европската комисија и Европскиот парламент.

Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев коментираше дека постои надеж дека Австрија може да го промени ставот, бидејќи учествуваше во последната проверка на бугарските граници.

„Главните забелешки на Холандија не се поврзани со заштитата на границите, туку со спроведувањето на Механизмот за соработка и верификација, кој отпадна за Бугарија во 2019 година. Холандија очекува извештај, кој не може да го добие. Дискутабилно дали ваквата позиција на пракса не ги поништува нормите на кои е изградена ЕУ“, истакна Демерџиев.

Холандија најави дека е подготвена да го поддржи приемот на Хрватска и Романија, но не и на Бугарија. Австрија не ги прифаќа и Бугарија и Романија.

„Повеќе од очигледно е дека позициите на холандскиот премиер и на канцеларот на Австрија се диктирани од внатрешно-политички размислувања, а не од фактички идентификувани недостатоци во спроведувањето на шенгенските правила од страна на Бугарија“, посочи тој.

„Постои сомнеж за примена на двојни стандарди, особено од страна на Холандија“, додаде преодниот премиер Донев.

„Напоменуваме дека во својата позиција канцеларот на Австрија се осврнува на недостатоците на Шенген системот во целина, за кои никако не може да биде одговорност на бугарската страна, додека премиерот на Холандија исто така прибегнува кон непристојни предлози, кои нема брзо да бидат заборавени во Бугарија (мисли на изјавата на холандскиот премиер Марк Руте дека границата можела да се помине со 50 евра – н.з.). Нашиот долг кон споменот на тројцата бугарски гранични полицајци кои загинаа чувајќи ја надворешната граница на ЕУ нема да го дозволи тоа“, додаде тој.

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи на 8 декември треба да гласа за две одделни одлуки за проширување на Шенген. Планирано е министрите со една одлука да гласаат за прием на Бугарија и Романија, а со втора за Хрватска. Потребно е едногласност за да се одобри одлуката.

Извор: Независен

 

Next Post

„Фајненшл тајмс“: Украинскиот претседател Володимир Зеленски е личност на годината

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk