ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пенов за хаосот во Скопје: Треба да се има предвид дека во градот сè уште е власт ВМРО-ДПМНЕ

December 6, 2022 08:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Сител министерот за локална самоуправа Ристо Пенов смета дека решение за проблемот на приватните превозници постои и тоа е во рацете на Советот на градот:

„Треба да се има предвбид дека во градот сè уште власт е ВМРО-ДПМНЕ.
Тие раководат со Советот и како што пред еден месец изнајдоа решение како да го платат долгот кон ЈСП од два милиона евра и денес може Советот да свика седница и да и наложи на градоначалничката од одредена ставка на буџетот да го исплати долгот. Но тоа не се прави, туку се оди со политички памфлети и препукувања, се на штета на граѓаните“, смета Пенов.

Оттаму Пенов заклучува дека протестот може да има политичка заднина бидејќи воопшто не е насочен кон тие кои кон кои што наводно цели.

„Овој протест зема посериозен замав и според она како е проектиран тој воопшто не е насочен кон градоначалничката, кон ЈСП или кон долгот на ЈСП, бидејќи ЈСП не е загрозен со овој протест, градоначалничката исто така не е блокирана со овој протест. Единствено блокирани се граѓаните. Ако долгот бил еден милион евра, штетата е само денес поголема, ако се земе бензинот што граѓаните го трошат, ако бизнисот трпи и изгубените работни часови поради доцнење на работа. По мене протестот оцртува контури на еден политички протест од типот на „гласот на светлината“, бидејќи воопшто не е насочен кон тие кон кои што наводно цели“, смета Пенов.

На забелешката на новинарот дека Владата не помага и дека тактизира, Пенов со одговор:

„Јавниот превоз е во рацете на градот скопје. Мерките на Владата не можат да донесат долгорочни благопријатни мерки. Тоа е спротивно на процесот на децентрализација кој сакаме да го засилиме уште повеќе. Нам не ни одговара револтот, овој револт е против Владата. Први избори кои следат се парламентарните и претседателските што значи на удар е Владата. Оваа политичка тенденција е со друга цел“, смета министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Љ. Н.

 

Next Post

Ковачевски на Самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk