Полицијата синоќа во 21:15 часот на ул.„Борка Талевски“ го лишила од слобода К.П.(30) од Скопје, кој бил баран со потерница издадена врз основа на наредба од Основен кривичен суд за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната