Ми беше чест да присуствувам на срдечниот прием организиран од страна на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, истакна премиерот Димитар Ковачевски во својата Фејсбук објава.
Пријателски продискутиравме за важноста од функионални урбани средини, развиена градска патна инфраструктура и транспортни системи, нешто што беспрекорно функционира во австриската престолнина.
Евроинтегративниот процес на Северна Македонија ќе има придобивки како за државата, така и за севкупниот локален и регионален развој на земјата. Затоа треба да ги искористиме достапните фондови за модернизирање на градовите и на сите општини во интерес на граѓаните. Сетоа тоа значи развој и на севкупната економија, рече Ковачевски.