ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ресман: Безбедноста во Германија функционира, но поврзаноста со Русија на десничарските екстремисти претставува опасност

December 8, 2022 16:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија вчера ја разбуди масивна полициска акција. Уапсени се 25 припадници на домашна ултрадесничарска и терористичка организација во рација ширум Германија. Во полициската акција учествуваа 3.000 припадници на полицијата во 11 сојузни држави, каде што беше извршен претрес на 130 локации. Една поранешна парламентарка (во мандатот 2017-2021 година) од ултрадесничарската партија АФД е меѓу уапсените. Двајца се уапсени надвор од границите на Германија – во Италија и Австрија.

Целта на терористичката група било „да се урне постојниот државен поредок во Германија и да се воспостави нов сопствен облик на држава, чиишто контури се веќе разработени,“ како што соопштија од грманското федерално обвинителство.

На оваа тема разговаравмe со доктор Волфганг Ресман, претседател на Bundesverband Bürgermedien – организација на канали со јавен пристап во Германија, кој во моментот е во Македонија во рамки на проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ што ЦИВИЛ го спроведува заедно со Младите за медиумите (Германија).

Др. Ресман посочи дека рацијата од ваков размер во Германија покажува дека десничарскиот тероризам и десничарските активности се реална опасност за демократскиот развој, во Германија и во други земји, и покажува дека постои радикализација на оваа сцена.

„Не бев изненаден од тоа што една поранешна членка на парламентарната група на АФД, таканаречената алтернатива од Германија, беше една од главните на оваа група, планирајќи дури и државен удар и користејќи го нејзиното знаење како поранешна пратеничка за да се снајде низ зградата на германскиот парламент, како и од тоа што имаме и еден Русин, едно лице е од Русија, таа, исто така, е уапсена, затоа што оваа група сакаше да преговара со Руската Федерација.

Исто така, ова покажува како работите функционираат заедно. Ја имаме оваа десничарска сцена, ја имаме парламентарната група на АФД во германскиот парламент, во многу државни парламенти, во сојузните покраини на Германија, а ги имаме и нивните мостови до навистина опасни десничарски лица кои стануваат терористи, или кои би можеле да станат терористи. Да се планира државен удар, со конкретни планови, да, тие се прилично конспиративни и се поврзани со дел од обезбедувањето, полицијата и правдата итн.

Овој поранешен член на АФД беше судија, ова е една страна, а ние мора да бидеме многу будни во однос на овие десничарски активности. Од друга страна, мислам дека е добар знак тоа што германската полиција успеа да го сопре целото планирање, што ги знаеше лицата, или што имаше неколкумина зад сцената, и што успеа да уапси 25 од овие активисти, мислам дека претресоа 42 лица.

Ова покажува дека безбедноста во Германија функционира, полицискиот систем функционира, има притисок врз десницата, врз десничарските екстремисти кои може да станат терористи. Значи, тоа претставува опасност. Врската со Русија повторно е една од корените на ова движење и мора да сме многу, многу внимателни кон градењето на мостови кон терористи на оваа парлементарна група на АФД“, објасни др. Ресман.

Биљана Јордановска / ЦИВИЛ Медиа

камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen

Tags: Волфганг РесманГерманијаРесман
Next Post

Стерлинг се враќа во англиската репрезентација во Катар

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk