ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Таравари: Американскиот тим за санкции ќе биде катализатор на промени во борба со корупцијата

December 8, 2022 15:49
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари очекува да се раздвижи, како што вели, борбата против корупцијата на високо ниво кај власта со најавената помош од Соединетите Американски Држави (САД). Информацијата за пристигнувањето во Скопје на тимот на САД за санкции, за да се поведе истрага на корумпираните политичари, според Таравари, е дочекана со голема надеж од сите граѓани на земјава.

-Ова е задача на самата држава, меѓутоа сите закони што ги носиме стојат на хартија, практично не се спроведуваат. Се надевам дека оваа американска екипа ќе ги катализира процесите на антикорупација и функционирање на правна држава. Она што го слушам директно од американската амбасадорка, не е оваа акција само за сегашните функционери туку и за поранешните, така мислам дека треба да се делува и да се преземат конкретни чекори. Американска екипа сигурно нема да биде дел од егзекуцијата но ќе катализира. Катализаторите секогаш помагаат во реакциите, меѓутоа самите не влегуваат. Има повеќе процеси за кои сите ние знаеме но не говориме, се надевам дека тие ќе излезат на површина и македонското судство ќе земе одредени чекори да се ефектуираат одредени предмети, рече Таравари на новинарско прашање по прес-конференцијата во пресрет на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата – 9 декември.

Тој смета дека тоа е повеќе од потребна промена на парадигмата, која се чека долги години.

-Но, ова не е доволно. Ние сме мала земја и се познаваме еден со друг. Секој од нас знае кои беа и каков стандард на живеење имаа политичарите пред да дојдат на власт. Значи, корумпираните се познати со име и презиме.За да се искорени корупцијата потребно е еднаш засекогаш да се запре и отповика партизираноста и систематското заробување на судството од политиката. Граѓаните сега разбираат дека правосудниот систем е целосно во служба на власта и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, само осум проценти од нив веруваат во правдата на државата. Со право, бидејќи сите веќе со години видоа како правдата стана селективна, а неправдата владее, како што се докажа и деновиве со последователните откажувања на рочиштата за трагедијата во болница во Тетово или намалувањето на казните на Мијалков, рече Таравари.

Лидерот на АА го цитираше американскиот претседател Џо Бајден минатата година кога ја постави борбата против корупцијата како главен интерес на националната безбедност на САД – „Борбата против корупцијата не е само добро владеење. Тоа е самоодбрана. Тоа е патриотизам и е од суштинско значење за зачувување на демократијата и нашата иднина“

Next Post

Ресман: Безбедноста во Германија функционира, но поврзаноста со Русија на десничарските екстремисти претставува опасност

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk