ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Бркан: Лажните вести брзо се шират меѓу земјите со јазична блискост

Бркан е дециден дека проблемот може да се реши само со обединување на сите - проверката на лажни вести, едукација, правни механизми.

December 10, 2022 11:07
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести брзо се шират меѓу земјите кои имаат јазична блискост и практично дезинформациите се прелеваат од Босна и Херцеговина во Србија, Хрватска, Македонија, и обратно, смета Дарко Бркан, исражувач и новинар од Здружението „Зошто не?“ од БиХ. Во разговорот за Цивил Медиа, тој не запозна со состојбата со справување со дезинформациите и пропагандата во неговата земја.

„Состојбата во Босна и Херцеговина е слична како и во целиот регион, иако специфичноста е во тоа што земјата се наоѓа некаде во центар, и постојат различни геополитички влијанија, и од исток и од запад. Така што секако ова влијае и во секторот за дезинформации. Заради јазичната блискост, секако информациите од Босна и Херцеговина брзо се шират во Србија, Хрватска, Македонија, и секако обратно. Така што тоа е едно ниво на проблемот, но друго ниво на проблемот е на пример што во Б и Х, постојат актери на терен кои не го прават тоа заради ширење на пропаганда, туку за да се стекнат со пари а ги има и оние кои се условени од политичко или бизнис влијание да креираат дезинформации.“, вели тој.

Според него постои и силно надворешно влијание од актери на лажни вести кои сакаат нивниот наратив да го префрлат во Б и Х или да креираат локални наративи кои одговараат на нивната политика.

„Препознавањето на лажните вести зависи од видот на публиката, возраста, образованието, и во краен случај од видот на дезинформациите. За жал како и во остатокот од регионот, публиката не е доволно изверзирана да ги препознава лажните вести, проблематичните извори и сите оние проблеми до кои доаѓаме.“, смета тој.

Бркан е дециден дека проблемот може да се реши само со обединување на сите – проверката на лажни вести, едукација, правни механизми итд.

„Ние како мала држава од 3, 4 милиони жители не можеме сами да го решиме проблемот, тоа треба да биде регионален напор, и глобален секако, бидејќи големо влијание имаат сите глобални текови, ЕУ легислатива и слично.“, вели тој.

Ана Василевска

камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen


Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M), со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија
Tags: Дарко БркандезинформацииинтервјуЦИВИЛ
Next Post

Цените на житарките се враќаат на нивото од пред војната во Украина

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk