ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватите ќе бидат меѓу првите во ЕУ кои ќе можат да користат мобилен телефон како пасош

December 12, 2022 10:55
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска и Финска, како и Холандија и Канада, добија пилот-проекти за развој на дигитални пасоши на мобилни телефони, чија крајна цел е користење на најнова технологија за олеснување на патувањето и подобрување на безбедноста на патниците, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“.

Хрватските граѓани ќе бидат меѓу првите во Европската Унија кои ќе можат да користат дигитална патна исправа во својот дигитален паричник во мобилниот телефон.

Дигиталниот патен документ ќе им овозможи на граѓаните, на пример, однапред да го најават своето пристигнување во некоја земја, а со тоа да го скратат времето на минување на граничните премини колку што е можно повеќе.

Проектот во Хрватска го спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за комерцијална дејност (АКД), во кои објаснуваат дека се работи за обемен проект, во кој развој и бројни тестови допрва следуваат, што е причина што Европската Комисија одобри финансирање во износ од речиси 2,3 милиони евра.

Хрватските граѓани го користат еПасошот од 2009 година, чија сигурност во моментов се заснова на проверка на автентичноста на личните податоци во физичка и електронска форма. Тоа значи дека дигитализираните податоци зачувани во чипот за пасош се идентични со печатените податоци во книжниот пасош. Исклучок се биометриските податоци.

Како што појаснуваат во АКД, пилот-проектите што ќе ги спроведуваат Хрватска и Финска, како и Холандија и Канада, имаат за цел да имплементираат дигитална патна исправа, чија виртуелна компонента е поврзана со еПасошот, т.е. содржи делумна копија од биографските и биометриските податоци на лицето во еПасошот.

Ова ќе овозможи идентификација на патниците само врз основа на виртуелната компонента на дигиталната патна исправа.

За новиот дигитален пасош АКД ќе го продолжи развојот на мобилната апликација Certilia, која секој граѓанин кој има валидна лична карта со чип може да ја користи за дигитална потврда на идентитетот.

За потребите на пилот-проектот, АКД ќе му овозможи на носителот на пасош да креира дигитална патна исправа во рамките на мобилната апликација Certilia, што е средство за електронска идентификација од највисоко ниво. Бидејќи Certilia ги има сите предуслови за иден дигитален паричник на ЕУ, логично е АКД да им обезбеди на нашите граѓани дигитален пасош на мобилен уред“, посочува Јуре Сертиќ, директор на АКД

Tags: еПасошКанадаФинскаХоландијахрватска
Next Post

Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала го затвори главниот аеродром

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk