ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Нацевска: Усогласувањето со ЕУ во однос на монетарната политика е во напредна фаза

December 13, 2022 11:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Усогласувањето на правната рамка со законодавството на Европската Унија во областа на монетарната политика е во напредна фаза, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во своето излагање на конференцијата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, насловена „На европскиот пат, нови реформи, нови можности!“, соопштуваат од Народната банка.

– Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на централната банка како гарант на макроекономската и финансиската стабилност, што е од особена важност за ЕУ при оцената на ова поглавје, а воедно и еден од основните предуслови за привлекување на странските инвеститори. Монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок, зајакнување и одржување на независноста и кон јакнење на капацитетите и исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки, посочила вицегувернерката Нацевска.

Од Народна банка известуваат дека таа се осврнала и на постигнувањата и усогласеноста коишто ги има постигнато НБ и во други сфери во рамки на нејзиниот мандат.

– Во процесот на преговори, сè до влезот во ЕУ, Народната банка ќе работи на натамошно усогласување на регулативата во повеќе сфери од своето делување. Ќе се работи кон понатамошно усогласување во доменот на банкарската регулатива со цел одржување стабилен и здрав, но и поконкурентен банкарски систем, водејќи сметка за соодветна заштита на потрошувачите. И натаму ќе се обезбеди непречено и безбедно вршење на платежните услуги, но во поконкурентно окружување со нови даватели на платежни услуги покрај банките и поголема транспарентност за видот на услугите и цената на надоместоците, во согласност со европските регулаторни барања и стандарди, истакнала Нацевска на конференцијата.

Вицегувернерката нагласила дека со новиот Закон за финансиска стабилност, усвоен оваа година, се преземаат чекори за зајакнување на институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, при што централната банка има водечка улога во развојот и спроведувањето на макропрудентната политика и финансиската стабилност.

Од аспект на плаќањата и платежните услуги, вицегувернерката истакнала дека Народната банка подготвила повеќе соодветни подзаконски акти за спроведување на Законот за платежни услуги и платни системи, во значаен степен усогласен со директивите и прописите на Европската Унија од оваа област.

Во однос на прашањето за очекуваните ефекти од приклучувањето кон внатрешниот пазар на ЕУ врз макроекономската стабилност и македонската економија, вицегувернерката нагласила дека не само интеграцијата туку и целокупниот реформски процес на земјата со цел исполнување на европските стандарди, како и кај земјите од Централна и Источна Европа кои веќе се дел од економската и / или монетарната унија, делува поволно и на потенцијалот за раст на економијата и на нејзината стабилност.

Од НБ информираат дека Нацевска додала оти нашите услови се потешки, со оглед на последователни кризи, што уште повеќе ја нагласува потребата од забрзани внатрешни реформи за подобрување на конкурентскиот профил на економијата, зголемување на продуктивноста и поттикнување на инвестициите во сектори коишто ќе значат воведување нови и иновативни технологии коишто ќе ја зголемат додадената вредност во економијата

Tags: монетарна политикаНародна банка
Next Post

Италијанскиот евергрин хит „Инсиеме“ на македонски, денеска напладне

EVN

НАЈНОВО

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

January 27, 2026

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk