ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Муриќ: Поднесовме официјално барање до премиерот за средба, моите ингеренции тука завршуваат

December 14, 2022 15:06
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние денеска официјално поднесовме барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба, откако го испочитувавме неговиот предлог за деблокада на булеварите во Скопје. Очекуваме средбата да се случи брзо и да најдеме договорно решение во врска со исплатата на долгот, рече денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Тој посочи дека неговите ингеренции тука завршуваат, и ќе се префрлат на институционално ниво, односно на правниот претставник на „Слобода превоз“ и на директорот Ленин Јовановски.

-Ние приватните превозници, кои после повеќедневната голгота што ја преживеавме на булеварите, каде што дежуравме деноноќно, поради тоа што градските власти на чело со градоначалничката немаа слух да не примат да поразговараме, ги тргнавме блокадите по обраќањето на премиерот. Тој рече дека би можел да биде медијатор и да ги собере на засегнатите страни за да го решиме проблемот, но само ако бидат тргнати блокадите. На средбата ние во нормална атмосфера ќе можеме да ги изнесеме нашите аргументи, како би дошло до решавање на нашиот проблем, рече денеска Муриќ.

Тој додаде дека уште нема конкретен датум за средбата, но очекува истата многу брзо да се случи.

Посочи оти се надева дека по разговорите во Владата ќе бидат подготвени спогодбено да ја решат состојбата, односно ќе се најде спогодбено решение со каква динамика би се исплатил долгот.

Инаку, приватните превозници по девет дена блокади, синоќа одлучија да ги прекинат протестите и повлечат автобусите од булеварот „Илинденска“ во Скопје, откако премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека ќе го прифати барањето за средба, но откако ќе се создадат услови за дијалог и тие ги отстранат блокадите од улиците на главниот град

Tags: „Слобода превоз“Димитар КовачевскиЌемал Муриќ
Next Post

Вето

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk