ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Министерот Османи во еднодневна работна посета на Атина

December 15, 2022 09:40
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за животна средина и енергетика на Грција Ксотас Скрекас, ќе оствари средби министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за време на неговата денешна работна посета на Грција јави дописничката на МИА од Атина.

Централната средба на посетата е точно напладне со Дендиас, а како што соопштија од МНР, „во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на нашата земја, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“.

Од грчкото МНР во најавата за средбата соопштија дека се очекува разговорите на двајцата министри да се фокусираат на „преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на Северна Македонија, европскиот тек на Западен Балкан, целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, дополнително зајакнување на билатералните односи во сите област, како и во регионалните и меѓународните случувања“.

Османи и Дендиас ќе имаат тет-а-тет средба во грчкото МНР, по што ќе следи состанок на двете делегации, изјави за медиумите, како и работен ручек.

Во рамки на посетата на Грција, Османи ќе оствари одвоена средба и со министерот за енергетика и животна средина, Костас Скрекас, на која ќе се разменат информации за соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување

Tags: атинаБујар Османи
Next Post

Градскиот дувачки оркестар вечер традиционално ќе одржи предновогодишен концерт во МКЦ

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk