ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Орданоски: Освен хибридните напади, како дојавите за бомби, зголемени се и обидите за сајбер напади

December 15, 2022 15:05
in PMD, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сметам дека ова е сѐ дел од една хибридна војна. Македонија е членка на НАТО и не е исклучена од таа хибридна војна. Хибридна војна се води со воени и невоени средства и целта е да создава страв, несигурност и двоумење кај населението со ширење на лажни вести, на дојави, нешто што ќе се перципира како нестабилност. Ништо ново во поглед на таква војна. Во Македонија имаме историја на такви случувања со години наназад“, вели Ванчо Орданоски од ИнфоПроект за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето за дојави за бомби што веќе два месеци ги вознемирува граѓаните.

Орданоски потенцираше дека оваа ситуација со дојавите за бомби е поразлична од претходните затоа што веќе сме во НАТО, кои имаат и сајбер команда, со своја испостава и во нашата земја.

„Во последно време се зголеми многу активноста за обиди на сајбер напади на македонски сајтови. Мојата компанија хостира доста високо фреквентни сајтови што се бават со политика, но и со бизнис. Нашите систем администратори забележуваат многу зголемена активност на разни ботови што доаѓаат од Русија, но и од Кина, дури и од Западна Европа. Со санкциите на Русија и е скратена прилично можноста за напади од самата Русија преку интернет, но од Западна Европа, може да се прави тајно. Значи не се работи само за хибридни напади, како што дојавите за бомби“, вели Орданоски.

Иако НАТО е една од гаранциите за сајбер безбедност овде во Македонија, Орданоски претпоставува дека тие се занимаваат повеќе со воено, јавни закани, отколку за целокупната сајбер безбедност на државата.

„Не сум сигурен дека се преземаат сите мерки за сајбер безбедност и на ниво на држава, и на ниво на компании. Прилично наивно се гледа на тоа. Ако има некој свесен провајдер што ќе внимава или плаќа повеќе, ќе добие поголема заштита. Од причини што тоа е скапо, често компаниите тој дел сакаат да го прескокнат“, вели Орданоски.

Орданоски вели дека социјалните мрежи се простор каде нема сајбер култура, не само кај нас, туку и во светот. Според него, дури и во професионалното користење на интернетот не можеме да зборуваме за сајбер култура.

„Кај, нас, сѐ уште, на пример, мејлот е главен „document management system“. Мејловите обично не се енкриптирани, не се заштитени, може лесно да влезе во нив и да се читаат. Интернет провајдерите многу малку прават, има некои пакети за заштита од вируси, но луѓето не ги користат, компаниите не ги користат, знаеме колку „ransomware“ колку пати направи огромни штети. Во минатата година имаше неколку мега случаи, кои не беа многу публицирани, но ние професионалците ги знаеме тие моменти. Во однос на состојбата во светот, од професионални контакти што ги имамат во Америка, Европа, други делови од светот, заклучувам дека исто секаде“, вели Орданоски.

Но, она што е важно во однос на сајбер културата, па во таа насока и на сајбер безбедност е дигитализацијата, смета Орданоски.

„Дигитализацијата на државните и општинските услуги е многу битна. Државата нешто прави, но сѐ уште на релативно ниско ниво. Тој нивен однос кон граѓаните на ниско ниво. Ретко има онлајн сервиси каде што можеш нешто да направиш, но и тоа не е систематизирано, повеќе се работи за индивидуални проекти. Дигитализацијата ја сметам за една од основите за сајбер културата. Технологијата е тука, луѓето се тука, секој има мобилен телефон и компјутер. На тоа поле во Македонија сме катастрофа“, вели Орданоски.

Биљана Јордановска

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: закани за бомбисајбер нападихибридни напади
Next Post

(ВИДЕО) Интервју со проф. Дујовски: Сајбер заканите доаѓаат од Русија

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk