ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пендаровски: Бугарските клубови треба да се усогласат со Законот за здруженија

December 15, 2022 13:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постоењето на бугарските клубови во земјава не е спорно, но тие  треба да се усогласат со законот за здруженија во однос на нивните имиња, за што течат роковите, вели претседателот Стево Пендаровски.

-Немаме ние потреба да измислуваме начин, затоа што постои закон кој што го донесовме неодамна во нашиот Парламент, со поддршка и на власта и на опозицијата и тоа прилично брзо за македонски услови. Се согласивме околу клучната содржина. Рокот тече, за усогласување во однос на имињата на клубовите, само треба да се почитува законот без да се измислуваат нови механизми за постоење на тие клубови. Тие треба да постојат, меѓутоа треба да ги почитуваат и чувствата на Македонците, на сите македонски граѓани, на сите луѓе кои живеат во Македонија, а најдобар начин за тоа е да дадат имиња на клубовите кои немаат никаква врска со фашистичкото минато, рече Пендаровски на новинарско прашање за коментар за изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи за бугарските клубови во земјава со контроверзни имиња.

Со усвоените измени на Законот за здруженија и фондации се оневозможува отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза. Веќе регистрираните здруженија, фондации согласно измените, се должни во рок од три месеци од стапување во сила на законските измени, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно наведените одредби, во споритивно се бришат од Централниот регистар, за што министерот за правда донесува одлука.

Во однос, пак, на честите провокации кои доаѓаат од Бугарија, шефот на државата оценува дека тоа не дава надеж за креирање поволен амбиент меѓу двете земји.

– За жал, тоа е една континуирана политика во изминатите две години, ништо ново. Она што е добро, позитивно во целиот тој галиматијас на негативни вести кои доаѓаат од нашиот исток, е тоа што официјалните државни органи, официјалните бугарски политичари и министри, се држат до една коректна реторика, барем засега. Меѓутоа за жал овие други изјави не даваат шанса за надеж да помислиме дека може да се креира амбиент во кој работава радикално ќе се сврти на подобро. Не би требало да ги има, реагираме на секоја таква провокација по дипломатски пат преку нашето МНР, но повторувам добро е да се држиме до официјалните позиции на претседателот, премиерот иако е таму техничка влада добро е да разговараме што нам ни порачуваат техничките министри, вели Пендаровски

Tags: бугаријаЗдруженијаКултурни клубовиСтево Пендаровски
Next Post

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против државен службеник во Министерството за животна средина

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk