Матамошните напади врз украинската инфраструктура може да предизвикаат сериозно влошување на хуманитарната ситуација и да поттикнат понатамошно раселување на Украинците, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк.
Зборувајќи пред Советот за човекови права по патувањето во Украина, Турк кажа дека руските напади изложуваат милиони луѓе на „екстремни тешкотии“.
-Дополнителните напади може да предизвикаат сериозно влошување на хуманитарната ситуација и дополнително раселување, рече тој.
Нападите врз неодамна ослободениот град Херсон, во јужниот дел на Украина, продолжија и денеска, изјави Кирил Тимошенко, заменик шеф на претседателовиот кабинет, додавајќи дека во најновото гранатирање загинале две лица.
Украинскиот генерал Олексеј Громов денеска изјави дека Русија сака да ја претвори војната во Украина во долг воен конфликт и дека обучува нови војници на територијата на соседна Белорусија. Сепак, малку е веројатно дека од таа земја ќе биде започната воена операција, додаде тој