ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во борбата против корупцијата Владата го зголеми буџетот за правосудството за да се избегнат надворешни влијанија

December 15, 2022 12:03
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА

Владата го зголеми буџетот и капацитетите, останува на судиите и на јавните обвинители да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите, порача денеска вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска на регионалната антикорупциска конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања таа кажа дека од она што можела Владата да го направи во оваа насока, за зајакнување на правосудниот систем, како голем исчекор е направено.

„Останува на судиите и на обвинителите да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите и едноставно да влеат доверба во граѓаните која што за жал сега ја немаат, дека непристрасно ги носат одлуките и дека законите важат за сите подеднакво без разлика дали за политичари или бизнисмени“, изјави Грковска.

Според неа не треба да постојат илузии дека корупцијата може целосно да се победи, но децидна е дека мора да се покажат видливи и конкретни резултати, да се создадат услови за владеење на правото и еднаквост на институциите.

„Мислам дека сега секој ќе полага испит за политичка зрелост. Оние кои ќе го положат ќе опстојат, а останатите, кои ќе се борат да остане статус кво состојба, ќе бидат избришани од граѓаните. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како досега, едноставно веќе нема да може“, порача Грковска.

Според вицепремиерката треба да се подобри регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансиски текови во регионот, особено во контекст на Берлинскиот процес.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека не постои во светот општество целосно имуно на корупција, но факт е дека секоја држава е различно подготвена и различно реагира на корупцијата.

Таа информираше дека од крајот на јуни минатата година кога е усвоен Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови за брзо следење на спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата (УНКАК), соработката на земјите од западен Балкан е интензивирана и значајно попродуктивна. Во изминатиот период се работеше, додаде таа, на трите идентификувани приоритетни области, а тоа се транспарентност во текот на целиот циклус на јавни набавки, како и подобар надзор и отчетност во јавните набавки, на зајакнување на напорите за спречување, идентификување и управување со судир на интереси, како и зајакнување на соработката на сите нивоа преку меѓуагенциски пристап на органите за спроведување на законот, обвинителството и судството, единиците за финансиско разузнавање.

„Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора веќе да имаме видливи и конкретни резултати. Мора да создадеме услови за владеење на правото, за еднаквост пред законот, за еднаквост пред институциите. Сите ние имаме обврска да ја зајакнеме довербата на граѓаните во институциите, а тоа ќе го постигнеме само ако покажеме дека со професионална, ефикасна и одговорна работа застануваме на патот на криминалот и корупцијата. Во повеќе наврати сум кажала, но и денеска ја чувствувам потребата да повторам. Промените зависат од сите нас. Зависат од граѓаните, но особено зависат од нас што сме на раководни позиции, од нас кои креираме политики, кои носиме одлуки“, додаде вицепремиерката Грковска.

Tags: борба против корупцијаВладаСлавица Грковска
Next Post

Пендаровски: Надлежните се максимално ангажирани, нема шанса некој да постави бомба во нашите училишта

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk