ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Американскиот тим ќе ги скенира состојбите во судството, работите треба сами да ги завршиме

December 16, 2022 09:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на американскиот тим за санкции е во функција на скенирање на состојбите во судството, но политичката порака од тоа е дека треба сами да ги завршиме работите дома во таа сфера, смета претседателот Стево Пендаровски, појаснувајќи дека тие „доаѓале и порано, а ќе доаѓаат и во иднина“, да собираат информации врз основа на кои се формира листата на ентитети под санкции.

Премиерот Димитар Ковачевски, вчера пак рече дека Владата не ги повикала истражителите на САД во земјата и дека се работи за активности на Американската амбасада во земјава како дел од напорите на САД  во земјите за кои ги сметаат за стратешки партнери.

Тимот за санкции од Вашингтон кој пристигна минатата недела во земјава, според објавите на американската амбасадорка Анџела Агелер, има за цел „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори“, со оценка дека на правосудниот сектор во земјава му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот

Претседателот Пендаровски, за американскиот тим за санкции, вели дека тоа се дипломати од Стејт департмент, кои „доаѓале и порано, ќе доаѓаат и во иднина“ и кои собираат информации за тоа што се случува во сферата на судството, и понатаму сосема автономно и независно од нас, ја формираат таа тн. црна листа или листа на ентитети под санкции.

– И она што е најважната политичка порака, која сум ја кажувал и сакам да ја повторам. Тие колку пати и да доаѓаат, не доаѓаат да ја завршат, мојата, вашата работа, или работата на судовите и обвинителствата. Тоа е сосема независна работа, исто како што е Извештајот за човековите права кој Стејт департментот секоја година го објавува, појаснува Пендаровски.

Премиерот Ковачевски, вели дека доколку се погледне Стратегијата на САД за борба против коруцпијата од 2021 таму многу јасно се наведени опасностите по економијата и по начинот на живот и начините како оваа држава се справува со корупцијата во својата држава, но и кај држави кои ги смета за свои стратешки партнери.

– Ние имаме стратешки дијалог со САД во рамките на кој добиваме помош години наназад преку финансиска, материјална, кадровска помош во знаење во унапредувањето на нашите институции. Овие активности се дел од активностите на Амбасадата и, како што кажа и вицепремиерката, не се работело за некакво барање туку дека тоа е дел од работата на САД во справувањето со корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото, во земјите за кои ги сметаат за стратешки партнери, рече Ковачевски.

Заземање цврст став за корупцијата и состојбата во регионот, била и една од темите на телефонските разговари што вчера ги имал советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, откако ја одложи за по Нова година најавената посета на регионот поради позитивен ковид-тест.

Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

– Жалам што ќе треба да го одложам моето патување на Балканот и во Брисел поради позитивен ковид тест. Ќе останам ангажиран за сите овие прашања во балканскиот регион и со нетрпение очекувам да го направам ова патување на почетокот на следната година, објави Шоле на Твитер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: американски тимСтево ПендаровскисудствоШоле
Next Post

Нови закани за бомби утрово, меѓу кои и Александар Палас каде треба да присуствува Ковачевски, објави Центар

НАЈНОВО

Во Скопје 474.304 илјади гласачи, Куманово 94.041, Лозово со најмалку 1905, се гласа на 3.474 избирачки места

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Осми локални избори: 309 кандидати за градоначалници во 81 општина

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Најмногу домашни набљудувачи – ВАКЕ УП и ЦИВИЛ, акредитирани се вкупно 1451, домашни 807, и 644 странски

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk