Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го честита добивањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина и апликацијата на Косово за членство во ЕУ, и вели дека регионот сигурно чекори кон Европската Унија и дека иднината на Западен Балкан станува извесна.
Маричиќ смета дека ова е историски момент кој не смееме да го пропуштиме и потврдува за посветеноста на ЕУ на Западен Балкан.
-Сега е време за брза трансформација на општествата, европски вредности и стандарди во пракса за добробит и нови можности за нашите граѓани, пишува на својот фејсбук-профил Маричиќ.
„Станува извесна европската перспектива на Западен Балкан.
Регионот сигурно чекори кон Европската Унија, после добивањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина и апликацијата на Косово членство во ЕУ.
ЕУ ја потврдува посветеноста на Западен Балкан и ги отвора вратите за регионот. Историски момент кој не смееме да го пропуштиме. Сега е време за брза трансформација на општествата, европски вредности и стандарди во пракса за добробит и нови можности за нашите граѓани.
Честитки за граѓаните на Босна и Херцеговина и брзо исполнување на клучните приоритети за почетокот на преговорите до ЕУ.
Немаме подобар пат од европскиот, обединети во вредностите и реформите заедно до целта: членство во ЕУ до 2030.”, стои во објавата на Маричиќ.