Новата претседателка на Либерално демократската партија Моника Зајкова во интервјуто за Фронтлајн потенцира дека партијата ќе побара измени во Кривичниот законик за депенализација на канабисот а за декриминализацијата се очекува да има политичка волја и да попушти блокадата на овој Закон во Собранието.
Се пофаливте дека декриминализацијата и депенализацијата на канабисот се во владината програма по предлог на ЛДП. Кога да се очекува имплементација на владината програма за канабисот?
„Канабисот е тема за која се говори чинам 6 години. Се формираа работни групи се одржаа голем број на конференции. Гледаме дека Законот за опојни дроги и психотропни супстанци е закочен во Собранието. Депенализацијата не знаеме зошто не се прави зошто тоа е одредба што може да се регулира во Кривичниот законик, дека до извесна количина за лична употреба нема да се гонат кривично, иако и сегашниот закон не е јасен и не е дециден но во таа општа формулација на кривичното дело, Јавното обвинителство си донело свој правилник, и ги гони оние кои употребуваат. ЛДП ќе поднесе барање за измени во Кривичниот законик во делот на депенализацијата на канабисот, а во делот на Законот за декриминализацијата треба да има политичка волја да не биде блокиран во Собранието.“, истакна Зајкова.