ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

10 интересни факти за велосипедизмот

December 17, 2022 13:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ
Фото извор: Wikimedia Commons

Фото извор: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Велосипедизмот е еден од најпопуларните спортови во светот. Истовремено, тоа е рекреативен спорт со кој се занимаваат огромен број луѓе во сите земји во светот. Велосипедите се користат и како еколошки превоз. Тие се, исто така, полесни за паркирање и маневрирање од автомобилите, што значи дека обезбедуваат подобар пристап до патишта, велосипедски патеки и рурални или помалку достапни места. Да не зборуваме дека, всушност, вежбате додека возите велосипед. Возењето велосипед е и животен стил кој води кон низа други здрави навики.

Кога сме кај вежбањето, дали знаевте дека возењето велосипед го намалува ризикот од добивање рак, срцеви заболувања и дијабетес? Покрај тоа, го подобрува целокупното здравје, циркулацијата на крвта, благосостојбата и животниот век.

Амстердам (фото извор: Wikimedia Commons)

Кина е најголемиот производител на велосипеди во светот. Заедно со Индија, ЕУ, Тајван и Јапонија, таа е одговорна за 87% од глобалното производство на велосипеди. Тоа е 15.000 велосипеди на час, 234 во минута или 4 велосипеди секоја секунда, ако сакате. Според агенцијата Статиста, секој 19-ти човек во светот купува нов велосипед секоја година. Глобалното производство на велосипеди го надминува производството на автомобили 2,5 пати ако ги броиме сите велосипеди и автомобили произведени од 1950-тите.

Погон за составување велосипеди во англиска фабрика од 1896 година (фото извор: Wikimedia Commons)

Сега кога ги знаете овие податоци, а и зошто возењето велосипед е добро за вас, за вас одбравме уште 10 статистички податоци за возење велосипед што ќе ве натераат да посакате да го правите тоа секогаш кога ќе добиете шанса!

Рекреативен велосипедски маратон во Њујорк, 2011 (фото извор: Wikimedia Commons)

10 интересни податоци за велосипедизмот

  1. Речиси 900.000 жители на Њујорк редовно возат велосипед.
  2. На секои тројца машки велосипедисти има по една жена велосипедист.
  3. Безбедните велосипедски патеки го намалуваат ризикот од повреди поврзани со велосипед за 90%.
  4. Во Европската Унија, возењето велосипед носи економски бенефит од 150 милијарди евра.
  5. Американскиот пазар на велосипеди вреди околу 6 милијарди долари.
  6. До 2023 година, продажбата на електрични велосипеди ќе достигне околу 40 милиони единици.
  7. Копенхаген има повеќе велосипеди отколку жители.
  8. Возењето велосипед може да заштеди до 1,6 милијарди галони гориво годишно.
  9. Оние кои редовно возат велосипед можат да успеат да ја намалат смртноста до 10%.
  10. Велосипедистите кои носат кацига го намалуваат ризикот од повреди на главата и мозокот за најмалку 65%.
Tags: велосипедизамживотен стилзанимливостиспортстатистика
Next Post

Завршница на Светското фудбалско првенство во Катар

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk