ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Следбеник на Кју-Енон осуден на пет години затвор за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

December 17, 2022 22:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Следбеникот на теоријата на заговор на кју-енон Даглас Џенсен, градежен работник од Ајова, осуден е на пет години затвор за неговата улога во нападот на толпата врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари , 2021 година, пренесува МИА.

Толпата предводена од Џенсен го бркала полицаецот кој се обидувал да ги одбрани конгресмените.

Сликата на Џенсен со раширени раце, облечен во маица со симболи QAnon, стана една од најпрепознатливите фотографии од упадот на 6 јануари, кој настана како резултат на тврдењата на тогашниот претседател Доналд Трамп дека изборите биле наместени.

При изрекувањето на казната, судијата Тимоти Кели рече дека не е сигурен дали Џенсен ја разбира сериозноста на насилниот напад во кој тој одиграл „голема улога“.

– Тој (нападот) ја прекрши дотогаш непрекинатата традиција на мирен трансфер на власта (во САД). Не можеме да го вратиме тоа назад, рече Кели, додавајќи дека би сакал да може да каже дека има докази дека Џенсен сфатил дека тоа не може да се повтори.

Џенсен е осуден по седум точки од обвинението, вклучително и спречување на Конгресот официјално да ги потврди резултатите од изборните гласови по држави по претседателските избори на кои Трамп загуби од Џо Бајден. Тој беше осуден и за напад или попречување на полициски службеници.

Покрај петте години затвор, казната вклучува три години надзор над Џенсен по ослободувањето и парична казна од 2.000 долари.

Во кратката изјава пред судијата, Џенсен рече дека сака да се врати на „животот на семеен човек и нормалниот живот“ што го водел пред „да се вклучи во политиката“.

Џенсен го прескокна заштитниот ѕид и влезе во зградата преку скршен прозорец за да може да биде еден од првите луѓе што упаднаа во Капитол, истакна судијата.

Осудениот ја предводеше групата која го бркаше по скалите полицаецот Јуџин Гудман, а подоцна повторно влезе во зградата и се пресмета со полицијата“.

Извор: МИА

Tags: „учество во толпа“Вашингтонказна затворКапитол хилКју Енонпресуда
Next Post

СЗО алармира: Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk