ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Оперативен тим под раководство на БЈБ ќе се справува со хибридните закани

December 20, 2022 09:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница по зачестените закани за бомби во државава вчера на состанок оцени дека безбедносната состојба во земјава е  стабилна и донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.

-Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Со оперативниот тим за сајбер безбедност и хибридни закани ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР. Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и од Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти.

Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво. Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот, информираа од Владата.

На состанокот присуствувале првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска, директорите на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, раководителот на Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање полковник Ивица Ампов, а како ад-хок присуствувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Седницата на Советот за координација ја најави минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по честите закани за поставени експлозивни направи во училишта, институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи беше утврдено дека станува збор за лажни закани.

Фото: миа.мк

Tags: безбедностБЈБМВРхибридни закани
Next Post

Предложениот буџет е реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економски пресврт, велат од власта

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk