Најголемата катастрофа се случи во Скопје пред неполн месец, кога Скопје беше целосно блокиран. Реалното шоу што се случува во Град Скопје никогаш се нема случено претходно и тоа не носи резултати, проекти, носи само пропаст. Тоа е сликата што би се пресликала доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати пак на централна власт“ рече пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Таа додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа мала реализација на капитални инвестиции, што е видливо низ бројките, а во Град Скопје, опозициската партија предложи градоначалничка која освен што не испорача ништо од ветеното, стопираше и веќе започнати три капитални проекти.
„ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка на кандидатка, од која сега се оградуваат. Во Скопје се случува катастрофа и реално шоу“ рече Колева.
Пратеничката од СДСМ кажа дека во последната година за 700 милиони денари е зголемен долгот на локалните самоуправи во земјава и сега достигна сума од 4,2 милијарди денари.