ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Азески: Во 2022 година преживеавме, во 2023 година или одиме напред или потонуваме

December 26, 2022 11:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во хотелот Александар Палас, точно во 19 часот започна седница на Советот на НАТО со која претседаваше генералниот секретар Џорџ Робертсон. Кога стигна дојавата за бомба, во салата имаше 19 акредитирани амбасадори на НАТО ви Брисел, целокупниот нивен генералштаб и комплетното раководство на Република Македонија. Како генерален директор на Александар Палас, бев повикан да издадам наредба за евакуација. Нормално, не ја потпишав и го презедов целокупниот ризик врз себе. Сето тоа траеше 8 минути, кои, ако ја потпишев наредбата, ќе имаа 800 дена последици. Во мојот мандат имав пет вакви ситуации и реагирав на ист начин. Ризикувањето и одговорноста се составен дел на лидерството.

Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше регистриран на рецепцискиот идентификатор, што е невообичаено затоа што таа работа се прави од телефонска говорница. Второ, веста беше пласирана како прва вест во 19 часот при гледаност од 38%, а дојавата за бомба беше 3 минути подоцна, во 19:03 мин. Се на се, треба многу ризик, треба многу знаење, за да се спротивставиш на вакви појави, кои просто „ја разнесуваат“ Македонија секојдневно и економски ја осакатуваат.

Бидејќи кај нас во државата, никој не ризикува, нормално е и дека нема да напредува. Страшно е што овие наши глупости се мултиплицираат и на секое друго рамниште. Наместо отворени граници, од 2023 година ќе очекуваме „војна за таблици“. Наместо војни во вселената, добивме уништување на „зелената“ (агенда ли е, платформа ли е, трева ли е…).

Што сево ова зборува? За граѓаните не знам. За компаниите, непредвидливост и катастрофа. За Западниот Балкан – наместо Брисел, пензионираниот Волгфанг Шисел. И сега што да кажам за моите очекувања за 2023 година. Преку 40 години одговарам на вакви прашања, и од целото мое искуство, би им предложил на медиумите да ги остават отворени, доколку има некој нешто паметно да каже, а другите сите ги фрли во оган бидејќи дефинитивно на Балканот идеи и предлози не му се потребни.

2022 година ќе остане запаметена како година на успешна соработка со УСАИД, една од најпрофесионалните организации со кои соработуваме. Проектите и активностите се плод на долгогодишна работа со целиот тим на Стопанската комора особено со госпоѓата Аризанковска која во меѓувреме е унапредена на многу поодговорна задача во водење на интеграционите процеси со Европската Унија

Tags: александар паласамбасадори на НАТОНАТОСоветот на НАТО
Next Post

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени за 2023

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk