ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Да престанеме да ја затскриваме личната одговорност зад колективната

December 26, 2022 11:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Фатмир Битиќи

Со години градиме систем во кој изостанува личниот интегритет и верувања зад колективната маса која оневозможува личен став и одговорност.

Некако 30 години успеваме да овозможиме средина во која луѓе на високи и одговорни позиции да останат во сенките, без да знаеме кои се, кои се нивните вредности, за што се залагаат, кои се нивните ставови, јавно да ги слушнеме нивните имиња и презимиња за добро или за лошо, а токму тие можат да одлучуваат или поточно да ја имаат моќта да не одлучуваат по прашања кои се важни за сите нас.
Па така читаме наслови како – „Апелацискиот суд донесе одлука…“, „Судот пресуди…“ …
Срамот како и подривањето на довербата, државноста, одговорноста, рушењето на системот и крадењето на иднината мора да имаат име и презиме. Било тоа да се сто или две.

Исто како што чествуваме некого за неговите достигнувања кои не носат кон напредок, мораме да ги знаеме имињата и на оние кои со своите постапки го кочат развојот и не враќаат назад.
Само така ќе можеме да градиме општество на мерит систем во кој секој од нас ќе има одговорност.
Судската, извршната и локалната власт во нашето уставно уредување се одделни и независни, но не и заштитени. Уставот никој од нас не заштитува од одговорност за повредување на правниот ред и поредок. Посебно значајно за оние кои својата кариера ја граделе токму во системот кој треба да го штити и надградува.

Постојано гневот како маса го пренесуваме од една точка до друга во зависност од дневнополитичките теми и актуелни вести. Некој може да рече, чекајте вие сте вицепремиер и потпретседател на партијата на власт, за каков гнев вие зборувате? И нема да греши. Но, одделни се трите власти и има зошто, поради непречено функционирање и спречување на токму вакви злоупотреби кои сите не полнат со гнев и недоверба во целокупниот систем.

Со мојот личен интегритет одговарам за моите постапки и сметам дека така треба да биде за секој еден.
Со личниот интегритет одговара секој судија, пратеник кој гласа или не гласа во собрание, директор на јавно претпријатие кој го унапредува работењето на претпријатието или го продлабочува долгот, градоначалник кој ја развива општината или носи дуп кој одговара на мала маса на клиентелистички бизнис партнери, менаџер или сопственик на фирма кој ги крши работничките права или оној кој се грижи за нивниот напредок и инвестира во развој, професор кој ја надградува програмата по новите текови или предава по скрипти од пред 20 години, министер кој не ги исполнува обврските по мандатното писмо и програмата за работа на Владата, граѓанин кој учествува во општественото живеење или оној кој своето ќесе со ѓубре го фрла од балконот на 5ти спрат, авторите на учебници и рецезенти, кои намерно или не намерно од брзање или немукает, ќе направат грешка…

Сите ние, колективно, очекуваме нашите индивидуални грешки да немаат никакви реперкусии по нашиот живот иако имаат широко ехо во општеството.

Сите ние сме системот. Сите ние сме државата.

Колективното добро ни зависи од личната одговорност.

Затоа, да ги кажеме со име и презиме оние кои ни го рушат колективното добро. Само низ лична одговорност ќе постигнеме колективен напредок.

Извор: СДСМ.орг

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Апелациски судлична одговорностсудствоФатмир Битиќи
Next Post

КАМ ги замрзнува цените на 100 производи

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk