ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Се преврте вагон со амонијак близу Пирот, 51 лице пренесени в болница, над градот уште има опасен „облак“

December 26, 2022 10:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во источниот српски град Пирот и околината претпладнево сѐ уште е на сила вонредна состојба, а над дел од градот сѐ уште има опасен „облак“. Вчера попладне еден вагон со амонијак, во железничка композиција што тргнала од Бугарија, се излизгал од шините и отровниот гас истекол во атмосферата. Вкупно 51 лице, биле пренесени во болница – поголемиот дел од нив Клиничкиот центар во Ниш, а другите  во болницата во Пирот. На населението од Пирот и околината и утринава не му се препорачува да излезе од дома, јави Н1.

Од хоспитализираните вчера во Пирот, едно лице починало, но не се прецизира дали е од труење. Се знае дека е срцев болен што со автомобилот излетал од патот.

Опасниот облак се протега од селото Станичење сѐ до влезот во индустриската зона Пирот. Тоа е токму делот каде што е затворен и автопатот и каде што биле најголемиот дел од оние што се сега во болница.

Во болницата во Пирот утрово имало петмина возрасни и едно дете, а во Клиничкиот центар во Ниш 9 пациенти, откако рано утрово уште шестмина од хоспитализираните биле пуштени дома. Сите се во стабилна состојба, извести телевизијата Н1.

Во меѓувреме, пратеничката Тамара Миленковиќ – Керковиќ побара од министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ итно да соопшти кој е одоговорен за несреќата кај Пирот, потсетувајќи дека ова е втора несреќа со амонијак на таа пруга во период од три години, извести српскиот весник „Данас“.

„Во јануари 2019 на оваа пруга, кај нишкото село Јасеновик од шините излетаа два вагона-цистерни со амонијак, па населението беше евакуирано за да се преточи амонијакот. а од АД Инфраструктура железници“ никогаш не стигна одговор зошто се превртеле цистерните и чија е одговорноста“, порача пратеничката Керковиќ.

Извор: Мета

Tags: бугаријаиндустриска зона ПиротКлинички центарНишПиротСтаничење
Next Post

Состанок во НБ за спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и инклузија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk