ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Затворени три гранични премини од Косово кон Србија, Вучиќ прави се за одржување на мирот, Сервер ги обвини платениците на Белград

December 28, 2022 15:00
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

КОХА: Три гранични точки со Србија затворени со барикади

Покрај граничните премини  Јариње и Брњак кои беа затворени пред речиси три недели, во вторникот вечерта за сообраќај беше затворен и граничниот пункт во Мердар.

Според косовската полиција, патот бил блокиран приближно на вториот километар на територијата на Србија, од граничната точка во Мердар, пренесува косовскиот дневник Коха.

ИНФОКУС – Сервер: Попуштањето пред хулиганите би имало катастрофални последици за Косово

Опишувајќи ги тензиите на северот на Косово, познатиот американски професор Даниел Сервер рече дека „српските хулигани ги блокираат патиштата, напаѓаат новинари, пукаат во полицијата и членовите на КФОР“, но и дека тие „не се случајни насилници“, туку оние кои „се платени и контролирана од Белград“, пренесува косовскиот дневник Инфокус дел од изјавата на Даниел Сервер за Ал Џазира.

ЗЕРИ -Вучиќ: Правиме се за да го одржиме мирот и стабилноста

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговараат „со сите“ и „прават се за да се зачува мирот и стабилноста“, да се најде компромисно решение, пренесува косовскиот медиум Зери.

Вучиќ не зборуваше за причините за подигнување на борбената готовност на највисоко ниво, одлука што ја донесе вчера.

КЛАН- Џачка: Барикадите се поставени од група криминалци

Министерката за Европски прашања и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка, изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите на северот на Косово, пренесе албанскиот медиум Клан.

„Барикадите што се подигнати на север, не од некој бран на народниот гнев, туку од група озлогласени криминалци, не само што го спречуваат нормалниот тек на животот. Тие се и сцени кои потсетуваат на мрачните денови од 90-тите, кои нашиот регион еднаш засекогаш ги остави зад себе, заедно со поранешната Југославија која замина“, вели Џачка меѓу другото во својата реакција.

БОТА СОТ- Дачиќ ја обвини албанската главна  дипломатка  дека го поттикнува Курти за нови „провокации“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, одговори на реакцијата  министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, пренесува косовскиот дневник БОТА СОТ.

„Таа со ниту еден збор не го потсети Курти дека има меѓународна обврска да го спроведе Бриселскиот договор, резолуцијата 1244 и сите други релевантни документи, обврската за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, дека не се осмелува да испрати албански вооружени единици. на северот. и дека не се осмелува да апси Срби само затоа што се Срби“, изјави Дачиќ.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: барикадиВучиќКосовоКОХАСрбија
Next Post

Косово го ослободи од притвор поранешниот полицаец Пантиќ, премиерот Курти не се согласува

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk