ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Паднаа лагите на опозицијата за францускиот предлог, граѓаните се определени за ЕУ, истакна Маричиќ

December 28, 2022 11:12
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според вицепремиерот за европски прашања манипулациите, лагите и силната пропаганда изминатово лето од страна на опозицијата дека има некаква скриена агенда за францускиот предлог, кој беше поддржан од цела Европска Унија, влијаеле врз мислењето на граѓаните во однос на евроинтеграцијата. Тој во интервју за „Капитал“ вели дека она што е најважно е дека во сите анкети сè уште е висок процентот на поддршка за членството во Унијата.

„Лагите дека предлогот го брише јазикот, го брише идентитетот, решава историски прашања придонесоа граѓаните да се сомневаат во францускиот предлог. Тоа сето беше попратено и со силната реторика на бугарските националистички политичари, како и со отворањето на бугарски клубови, со имиња на контроверзни историски имиња, кои имаа цел да предизвикаат немир и нетрпение кај граѓаните и да ги нарушат односите на кои интензивно работиме и се обидуваме да ги подобриме. Но, видовме со следните случувања, после неговото усвојување во Собранието, дека тоа не е така. И со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, но и со целото однесување на Европската Унија, каде слободно можам да речам дека сме во фокусот на внимание“, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека поддршката за ЕУ не е виртуелна, а граѓаните многу добро знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат

„Знаеме за придобивките што носи членството, трансформацијата на општеството, европски стандарди, неповратни средства од европските фондови. Другата страна или некоја друга алтернатива нема ниту понуда, ниту реформи, ниту финансиска поддршка, туку само несигурност, неизвесност и конфликт“, смета Маричиќ.

Tags: ЕУлагиопозицијафранцуски предлог
Next Post

Фотошопирана и манипулативна фотографија од Бајден и Зеленски

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk