ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажна е веста на „Вечер.мк“ дека Ковачевски не држи македонско знаме на ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“

January 4, 2023 16:22
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фотоколаж: Фронтлајн

Фотоколаж: Фронтлајн

Порталот Вечер.мк објави напис со наслов „(ФОТО) Каква непочит: Само Ковачевски и Зечевиќ не држат македонски знамиња“. Ако се земат фактите во предвид, објавата на овој портал е тенденциозна и лажна вест.

„На вчерашниот ракометен спектакл во „Борис Трајковски“ многумина сакаа да бидат видени на трибините. Меѓу нив беа и премиерот Димитар Ковачевски и неговиот најблизок соработник во СДСМ Миле Зечевиќ. Тие беа единствените што не држаа македонски знамиња како што тоа го правеше публиката околку нив додека се изведуваше македонската химна…“, се наведува во објавата од Вечер.мк.

Снимка од екран на лажна вест од Фејсбук страницата на Вечер.мк

Демантот на ваквата објава може да се погледне на следните фотографии објавени на официјалната фејсбук страница од премиерот Димитар Ковачевски:

Од она што може да се види на фотографиите, се гледа дека на конкретниот настан Ковачевски држи македонско знаме.

„Денес го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите, децата и младите без родителска грижа, преку хуманитарна акција. Сите средства од овој ревијален натпревар беа наменети за СОС Детско село.
Честитки за организацијата, навистина незаборавно искуство“, вели премиерот Ковачевски во објавата.

Текстот со лажната вест не е потпишан.

Главна и одговорна уредничка, како што е наведено во Импресумот на Вечер.мк е Ивона Талевска.

Според написот од Википедија, Ивона Талевска е контроверзна македонска новинарка. Во својата новинарска кариера, таа работела како уредник на вестите на телевизија Сител и како главен уредник на дневниот весник Вечер.

Нејзината новинарска кариера е одбележана со бројни контроверзии, како што се аферата „Визарис“ во којашто влијаела претпријатие во сопственост на нејзината мајка да добие тендер од Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вкупен износ од 1 милион евра и аферата „Тифани“ во којашто за затајување данок во износ од околу 2,5 милиони денари била осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните четири години не го повтори делото.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Вечер.мкДимитар КовачевскиИвона Талевскалажна вест
Next Post

Заев ги демантира инсинуациите за повторно политичко ангажирање: Нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk