ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Новата инвестициската програма на ЈПДП изнесува 29,908 милијарди денари

January 5, 2023 14:14
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет.

Вкупните приходи  изнесуваат 11,193 милирди денари при што од наплата на патарина  планира да прибере 3,8 милијарди денари, од делот на наплата на акциза пет милијарди денари, од надомест за патна такса при регистрација на возила 2,3 милијарда денари, а 93 милиони денари по основ на други приходи од работењето.

По основ на странски кредити ЈПДП ќе располага со 11,508 милијарда денари од  од Светска банка 1,081 милијарда денари, од ЕБОР во износ 4,427 милијарди денари, и од Ексим банка од 6 милијарда денари. Во планираните приливи и прходи на ЈПДП се и 15 милијарди денари од Буџетот на РСМ за 2023 година преку Министерство за транспорт, согласно со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и  Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10д  за делницата на автопатот Прилеп-Битола.

Според Годишната програма на ЈПДП за 2023 година, што е усвоена од Владата, инвестициската програма  на ова државно претпријатие е со вкупен износ од 29.908.800.000 денари. Притоа, од сопствени средства ЈПДП планира да инвестира 3.400.800.000 од кои 1.939.000.000 во изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта, како и сопствено учество во инвестиции од странски кредити.

За инвестициско одржување на патишта државното претпријатие ќе потроши 720 милиони денари, за исплати по основ на експропријација 200 милиони денари, за проектирање  и надзор 473,5 милиони, а ќе вложи и 68 милиони денари во опрема и софтвер.

Од инвестициите од странски кредити, 1,81 милијарда денари се за Проектот за унапредување и развој на патишта што се кредитира од СБ. Предвидени с еи 4,427 милијарда денари од ЕБРД за финансирање на електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10 со 40 милиони денари, за проектот за изградба на национални патишта со 2,437 милијада денари, за проектот за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка – Девер Баир до границата со Бугарија со 250 милиони денари, за проектот за патарина на Коридорот 8 со 300 милиони денари,  за патот Букојчани – Кичево со 400 милиони денариа, како и со милијарда денари  за патот Скопје –Блаце. Со кредитирањето од Ексим банка, пак, треба да се вложат шест милијари денари изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Во новата година ЈП за државни патишта за отплата на кредити кон меѓународни финансиски институции  планира 5,71 милијарда денари, од кои 780 милиони денари се за отплата на камата, а 4,33 милијарди денари по основ на отплата на главница.

Tags: инвестициската програмаЈПДПпатишта
Next Post

Гир: Eвроинтеграцијата бара обединетост на целиот политички спектар

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk