ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама повторно ги собира во Тирана лидерите на албанските партии, Касами не сака да седне на иста маса со Ахмети

January 9, 2023 12:22
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Една од главните теми во албанските медиуми во регионот вчера и утрово е повикот за средба  на албанскиот премиер Еди Рама, до лидерите на албанските партии во Северна Македонија. Кој е поканет и кој (нема) да присуствува, и зошто, се дополнителните теми на кои пишуваат медиумите, и дел од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа за денеска.

ЕПОКА Е РЕ: По шест години, Еди Рама повторно ги собира албанските лидери во Тирана

„Шест години по прата средба, албанскиот премиер Еди Рама во вторник повторно ќе ги собере албанските лидери од Македонија во Тирана.

Причините за оваа средба не се соопштуваат во поканата на Рама, но се дознава дека ќе се фокусира на поддршката за уставните измени и евроинтегративните реформи.“, пренесе Епока е Ре.

ФЛАКА: Алтернатива и АА ќе одат  кај Рама на средба, ДУИ и ДПА досега без одговор

„Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана, која, како што пренесуваат медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса за Агенцијата за медиуми велат дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не соопштуваат детали. Од ДУИ нема одговор. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса Билал Касами, на Алтернатива  Африм Гаши и на ДПА, Мендух Тачи“, пренесе македонскиот медиум Флака.

Журнал: Касами ја прифаќа поканата на Рама, но не на една маса со Ахмети

„Портпаролот на Беса, Фарук Авдиу, во изјава за медиумите изјави дека првиот човек на Беса Билал Касами ќе учествува на средбата покана од Еди Рама, но нема да седне на маса со Али Ахмети. Според Авди, ДУИ ја злоупотребува политичката маса секогаш кога има неволја.“, пренесе порталот Журнал.

ЕВРОПА Е ЛИРЕ: Еден месец притвор за осомничениот за ранувањето на двајца млади Срби во Штрпце

Основниот суд во Урошевац му одреди едномесечен притвор на осомничениот со иницијали А.К. на возраст од 33 години, за повреди на две лица во Штерпце, општина населена со мнозинство Срби пренесе Слободна Европа на албански јазик.

КОХА: Новата година започна по старо

„Како ќе биде и дали ќе биде, останува да видиме. Но, апсолутно е некоректно, непринципиелно и лицемерно миење раце кога слушате како опозицијата ја обвинува оваа Влада за „Заедницата“. Лесно е да се обвинат другите, тешко е да се прифатат грешките. И ако имаа интелектуална и политичка моќ и храброст, опозицијата ќе требаше да се обедини во заеднички фронт со Владата, да го реши ова и прашањето за долготрајните преговори со Србија.“ , извадок од колумната „Новата година започна по старо“ од Флака Сурои, објавена во косовскиот дневник КОХА.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Еди РамамедиумиСеверна МакедонијаТирана
Next Post

Унгарската војска ја напушти границата со Србија

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk