Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина, соопшти владината прес-служба.
„Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта“, објави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој нагласува дека во разговорот особен фокус бил ставен на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.
„Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина“, истакна Ковачевски.
Украинскио претседател Володим Зеленски на Твитер објави дека имал суштински разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
I had a substantive conversation with ?? Prime Minister @DKovachevski at the beginning of North Macedonia’s #OSCE Chairpersonship. We discussed the risks of escalation at the front, further defense cooperation and deepening of bilateral relations between our countries.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 9, 2023
„На почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија. Разговаравме за ризиците од ескалација на фронтот, натамошната одбранбена соработка и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји“, пишува Зеленски.
Ј. Ѓ.