Две жени беа убиени во руски ракетен напад на пазар во градот Шевченкове, регионот Харкив, утрото на 9 јануари, пренесува Укринформ.
„Според податоците од истрагата, околу 9:10 часот на 9 јануари, окупаторите извршиле ракетен напад врз градот Шевченкове во областа Купјанск. Непријателски проектил погодил територија на локалниот пазар. Две жени загинале. Уште три жени и десет годишно девојче е повредено“, соопшти прес-службата на регионалното обвинителство во Харкив.
Според прелиминарните податоци, врз населбата било стрелано од ракетен систем С-300 од територијата на Белгородската област на Руската Федерација.
Како што известуваат украинските власти, покрената е предистражна истрага за кршење на законите и обичаите на војната во комбинација со намерно убиство според Кривичниот законик на Украина.
Русите ги гранатираа Костијантинивка и Курахивка во регионот Доњецк, најмалку двајца цивили се повредени
Во регионот на Доњецк, руските напаѓачи го гранатираа градот Костијантинивка и селото Курахивка, при што беа повредени најмалку двајца цивили, а оштетени се 20 куќи и индустриски објект, напиша на Телеграма Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.
„Уште еден индустриски објект беше погоден од руската армија. Овој пат – во Костијантинивка. Курахивка исто така беше под масовно гранатирање – најмалку 2 цивили беа ранети, повеќе од 20 куќи беа оштетени“, напиша гувернерот на регионот.
Како што е соопштено, регионот Доњецк е под постојано руско гранатирање и има проблеми со снабдувањето со електрична енергија, топлина и вода.
Подготви: Ј. Ѓ.