Плановите на Русија да ги депортира украинските граѓани од привремено окупираните територии на Украина, особено од Херсонската област, се чин на геноцид и за тоа ќе сносат одговорност и оние кои ги одобриле таквите одлуки и оние кои ги извршиле, изјави вицепремиерката – министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук во етер на националниот телетон, пренесува Укринформ.
„Нашите разузнавачки извори потврдуваат дека Русија навистина се обидува да изврши уште еден чин на геноцид, нема ни да го наречам депортација, бидејќи присилното, насилно отстранување на украинските граѓани е чин на геноцид, и се разбира, тие [Русите] ќе одговараат за ова. Би сакала да апелирам до високите функционери на непријателската држава добро да размислат пред да го направат ова, бидејќи сите ќе одговараат – од оние кои одобрувале такви уредби до возачот кој насилно земал Украинци на територијата на Русија“, рече Верешчук.
Вицепремиерката додаде дека на окупаторите им се брза, бидејќи разбираат дека ќе се случи деокупација на украинските територии и дека нема да можат да го задржат регионот Херсон. Според неа, окупаторите ги отстрануваат Украинците во речиси сите региони на Русија.
„Имаме информации дека нашите Украинци се преселени во 57 региони на Русија, вклучително и Далечниот Исток и Сибир. И навистина наоѓаме Украинци во сите делови на Русија. Ги снимаме овие факти и очигледно е дека тоа ќе биде основата. на специјален трибунал и основата на обвиненијата против Русија и нејзините функционери“, рече Верешчук.
Како што е соопштено, според Блумберг, Руската Федерација планира да одвои 175 милијарди рубљи за организирање на депортација на 100.000 луѓе од регионот Херсон.
Подготви: Д. Мишев / ЦИВИЛ Медиа