ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пленковиќ најави казни за трговците во Хрватска кои неоправдано ги зголемија цените

January 13, 2023 18:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја.

Тој на седницата на Владата рече дека тоа се однесува на тие кои неоправдано ги зголемиле цените при претворањето во евро и со тоа ја намалиле куповната моќ на граѓаните и нанеле штета на стопанството со зголемување на и така високата инфлација.

Исто така тој најави дека надлежните служби ќе ја зајакнат контролата на цените и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат тие кои не ја почитуваат владината одлука да ги вратат цените на нивото кое важеше до 31 декември.

Освен казните, премиерот најави и можност за укинување на субвенциите за производителите на енергија.

– Во криза важна е солидарноста и одговорноста и однесувањето кое не е профитерско, рече Пленковиќ.

Помошникот на главниот државен инспектор Ведрана Филиповиќ Грчиќ рече дека инспекторите досега извршиле речиси 700 контроли, а во 178 констатирале неоправдано поскапување од 1 јануари.

Просечните поскапувања во продавниците се и до 13 отсто. Најголем пораст е забележан кај услужните дејности, а потоа во трговијата на мало, особено кај пекарските производи, кои поскапеа за 15 отсто, но некаде се забележани поскапување и до 30 отсто.

– Во продавниците, повеќе од 70 отсто од субјектите ги вратиле цените пред воведувањето на еврото. Кај фризерските услуги и услугите за нега на тело, цените во просек се зголемени за 20 отсто, а во некои случаи и за 50 отсто, додаде Филиповиќ Грчиќ.

Висината на казните се движи од 1.000 до 26.000 евра.

Во Хрватска од 1 јануари официјална валута е еврото, а куната може да се користи до недела, 15 јануари. До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра по фиксен курс од 7,5340 во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а од 2024 година само во Хрватската народна банка.

Извор: МИА

Tags: Андреј Пленковиќевроинфлацијакунахрватскацени
Next Post

Спасовски му врачи дрес на Мојсовски во знак на поддршка на ракометарите

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk