ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата

Трето од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

January 15, 2023 18:41
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8

На почетокот на летото, 2023 година, како да не се доволни постоечките внатрешни и регионални проблеми, Балканот се соочува со нов силен бран од бегалци.

ТЕШКА И КОМПЛИЦИРАНА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА

Почнувајќи од терористички напади и други безбедносни инциденти, завршувајќи со зачестените насилни судири и престрелки меѓу разни екстремистички групи и инциденти на државните граници, безбедносната ситуација во земјата е тешка и комплицирана. Војската и воените капацитети се таргет на сајбер напади и субверзии. Серија терористички напади дополнително ја усложнува безбедносната ситуација.

Полицијата и другите безбедносни институции прават огромни напори, но просто не успеваат да сигнат секаде, соочени со огромниот број кризни ситуации. Весна Бејби додава уште малку ботокс и објавува серија видео пораки на социјалните мрежи, но веќе никој не може да ја разбере.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПРЕСТАНЕ СО СПОНЗОРИРАЊЕ НА ЕКСТРЕМИЗМОТ

Безбедносниот систем е разнишан, а кон тоа, во голема мерка, придонесува опозицијата и низа екстремистички групи кои произлегуваат од милитантните крила на политичките партии. Пред почетокот на летото, опозицијата се обидува да изврши уште еден напад врз институциите како оној на 27 април 2017 година, но овојпат со намера да ја заземат зградата на Владата.

Нападот врз Владата е лошо организиран, а на самиот влез, напаѓачите – претежно членови на Левица и ВМРО-ДПМНЕ – успеваат само да се степаат меѓу себе. Полицијата мора да интервенира за да ги раздвои, а на некои да им пружи и итна медицинска помош.

Сепак, инцидентот остава темна дамка на турбулентното политичко секојдневие на земјата. Меѓународната заедница упатува отворено предупредување до опозицијата да престане со „спонзорирање на екстремизмот“ и ја повикува да ги остави на страна партиските, туку да се фокусира на заедничките национални интереси. Мицкоски и Груевски одговараат со долги и бесмислени Фејсбук статуси.

БЕГАЛСКИТЕ КАМПОВИ, АГИТПРОП МАТЕРИЈАЛ ЗА ДЕСНИЧАРСКИТЕ ПОПУЛИСТИ

Како и секогаш, бегалските кампови се извонреден повод и агитпроп материјал за ксенофобите и десничарските популисти да предизвикуваат тензии и страв меѓу населението. Тие се и добра основа за дополнителни обвинувања на адреса на владата за лош менаџмент на кризните состојби.

За тоа време, Владата на Ковачевски добива голем број пофалби од меѓународната заедница за хумано постапување и добро менаџирање со бегалската криза.

ОПАСНОСТ ОД ГУБЕЊЕ НА КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС

И покрај сите напори на Владата на Ковачевски да ги смири состојбите, нападот против демократијата е извонредно жесток, добро организиран и сесрдно помогнат од антизападните центри во регионот. Некои лидери во ЕУ гласно укажуваат дека опозицијата ја дестабилизира земјата и дека состојбата во Северна Македонија е толку тешка што може да предизвика замрзнување, па дури и губење на статусот на кандидат за членство во ЕУ и воведување визен режим… Угледни аналитичари од Европа и САД алармираат дека дури и членството во НАТО може да биде доведено во прашање.

СЕ АКТИВИРА ЦРНАТА ЛИСТА

Се активира „црната листа“ на САД за голем број политичари, бизнисмени и медиумски газди од земјата. Тоа, барем привремено, ги смирува духовите и ѝ дава време на Владата да се консолидира, но опозицијата и антидемократските центри на моќта брзо наоѓаат алтернативи.

Серија скандали и дезинформации ја вознемируваат јавноста и ја разнишуваат довербата во институциите.

ИСЕЛУВАЊЕ, ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, РИЗИК ПО ОПСТАНОКОТ НА ДРЖАВАТА

Сѐ повеќе луѓе се иселуваат од земјата. Во последниот квартал од годината, неколку големи странски инвеститори најавуваат дека ќе го намалат обемот на инвестициите или ќе се повлечат.

Истовремено, се бележи регистрирање на неколку сомнителни „странски“ компании кои, во перспектива, можат да послужат како паравани за перење пари и финансирање на разузнавачки операции и терористички акции.

Годината завршува со жестока криза во земјата. Аналитичарите предупредуваат дека постои ризик дури и за самиот опстанок на државата.


Ова е трето од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
Кратка верзија од сите осум сценарија: 2023 година: Осум сценарија за Северна Македонија

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: бегалцибезбедносткризатероризам
Next Post
Бисера Костадиновска Стојчевска

Костадиновска-Стојчевска – Доундолуакис: Нови можности за зајакнување на соработката во културата со Грција

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk