ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Очекувам намалување на цените од најмалку 10 проценти

January 16, 2023 11:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така има намалување на цените на млекото кај одредени млекарници, и треба да се има предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекуваме да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти.  

Во обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, Ковачевски  се осврна на мерките и одлуките на Владата за ублажување на кризата и високата инфлација и истакна дека грижата на Владата и политиките за помош на граѓаните и стопанството  продолжува и следната година. Тоа, како што посочи, преточено во новиот Буџетот за 2023 година а кој треба да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата , за да понатаму се постигнат и посакуваните стапки на раст од пет проценти на БДП.

-За антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра. Кризата се уште трае, ја менува формата и динамиката, поставува нови неизвесности и предизвици и Владата е тука да ги слушне сите предлози на деловната заедница како што ги слушаше и досега. И оваа година фокусот на Владата е да обезбеди услови на раст на инвестициите. Наша цел е домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот, да се зголемува извозот, да се намалува невработеноста, паралелно да растат платите  и да се подобрува животниот стандард. Нашето членство во НАТО обезбедува сигурност на инвестициите, дополнително стартот на пристапните преговори  во ЕУ ќе ја зголеми стабилноста , ќе се отворат нови пазари, а сето тоа значи и нови можности за компаниите, рече Ковачевски.

Кризата, порача, ќе ја преживееме и надминеме само со заедничка работа, солидарност, поддршка на најранливите категории граѓани, зачувување на работните места и задржување на ликвидноста на компаниите.

Кога се работи напорно и има волја, посочи, нема недостижна цел, а бизнис заедницата во Владата има сериозен партнер.

-Владата е партнер на деловната заедница бидејќи заедничка цел ни е да создаваме подoбри услови за граѓаните, ликвидни и брзорастечки компании, подобро платени работни места, а со тоа и подобар животен стандард за сите во државата, рече Ковачевски, повторувајќи дека никој нема да биде оставен сам да се справува со најтешката економска и енергетска криза по Втората светска војна.

Тој посочи дека голем број од мерките кои се реализираат се практично барања на коморите и оти  Владата одговорно и навремено интервенирале со мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, како и дека редовно ги сервисира обврските и кон стопанството и кон граѓаните.

-Само во 2022 година двата пакета антикризни мерки беа вредност од 760 милиони евра, најголем пакет државна поддршка во регионот, рече Ковачевски и посочи дека лани стопанството добило поврат на ДДВ во износ од 727 милиони евра, а динамиката во тој процес ќе продолжи и во иднина.

 

Tags: Димитар Ковачевскинамалување на ценихрана
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реципроцитет на „Заедници“ во Косово и Србија, членовите на семејствата на масакрираните во Речак бараат правда, Ахмети не го дава Груби

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk