ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реципроцитет на „Заедници“ во Косово и Србија, членовите на семејствата на масакрираните во Речак бараат правда, Ахмети не го дава Груби

January 16, 2023 11:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Формирањето на Заедницата на српски општини во Косово и реакциите по ова прашање, одбележувањето 24 години од на масакрот во Речак, албанските мигранти во Британија и политичките изјави, како и последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  се  теми кои преовладуваа и во текот на викендот и утрово во албанските медиуми во регионот. Овие теми се дел од изборот на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денеска.

БОТА СОТ: „Три албански општини во Србија и три српски општини на Косово“, аналитичари со предлог  по посетата Шоле

„Минатата недела, високиот советник во Стејт департментот на САД, Дерек Шолет, изјави дека Заедницата на општините со мнозинско српско население е итна работа. Тој рече дека САД очекуваат конкретни предлози на масата за дијалог со Србија. По посетата на Шоле, еден од предлозите од косовските аналитичари е дека можеме да  се разговара за здружување на трите албански општини во долината и трите српски општини на Косово, ова е единствениот пат по кој мораме да одиме, во спротивно подобро е да се оди на вонредни избори отколку да се почне со поделба на Косово на албански и српски.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КОХА: 24 години по масакрот во Речак, членовите на семејствата бараат правда

„Поминаа 24 години од масакрот во Речак, но досега никој не е казнет за извршените злосторства, кои се окарактеризирани како злосторства против човештвото. Досега, според институциите, 18 лица имаат меѓународна потерница. Семејствата на жртвите продолжуваат да бараат правда.“, пишува косовскиот дневник КОХА.

ТОП ЧАНЕЛ- „Неподнослива бруталност!“, реакција на Џачка по изјавите на британскиот министер

„Вербален линч на цела нација со говор  што звучи како министерот да најавува отворена сезона за Албанците само неколку недели по заедничкото коминике меѓу премиерот на Република Албанија и Велика Британија каде што ја оценија  улогата на албанската дијаспора во Британија и нејзиниот важен придонес за културата, економијата и општеството на двете земји.“, реагира албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка по изјавата на британскиот министер Јаник, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ИНА – Ахмети: Бараат да го тргнам Артан Груби, нема да го тргнам!

„10 години бараа да го симнам Муса Џафери од вицепремиерска позиција, јас не го симнав, затоа што ја почитувам волјата на мнозинството, инсистираа Абдулаќим да биде сменет од вицепремиер, но јас не го направив тоа затоа што ја испочитував волјата на мнозинството, сега запнале да го тргнам  Артан Грубин, но нема го отстранам, бидејќи тоа е одлука на мнозинството“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера при посетата во Гостивар, пренесе македонскиот медиум на албански јазик ИНА.

БОТА СОТ: Потписникот на Заедницата ќе „победи“ само со „билет“ на јавно одрекување!

„Инаку, како што течат работите во моментов, опозицијата покрај двоумење, изразува и еден вид хиперполтронизам и хиперконформизам кој е дефинитивно непотребен и штетен во долгорочните фази за државноста на Косово.“, извадок од колумната “Потписникот на Заедницата ќе „победи“ само со „билет“ на јавно одрекување!“ од Фадил Малоку, објавена во дневникот Бота Сот.

Д. Тахири / Цивил Медиа

 

Tags: Албански медиумиАхметиГрубиКосовоСрбија
Next Post

Поднесе оставка германската министерка за одбрана

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk