ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажните вести за породилното отсуство открија дека опозициските апологети жената ја гледаат само како мајка

January 16, 2023 12:21
in PMD, ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

За време на викендот на социјалните мрежи се прошири лажна вест дека ќе се крати породилното отсуство за мајките, што наиде на остра реакција кај дел од граѓаните. Ваквите наводи, кои се појавија кај проопозициски портали и апологети на социјалните мрежи брзо беа демантирани од страна на институциите, но сепак тоа не беше доволно за запирање на лавината коментари.

Во првичната лажна вест која што се прошири се истакнуваше дека породилното отсуство на мајката се крати од девет на пет месеци. Сепак, како што објасни и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, не се крати породилното отсуство на мајката, тоа останува девет месеци, но со новиот закон се воведува и родителско отсуство за татково во времетраење од четири месеци. Освен тоа, на 15 дена се зголемува и татковството отсуство, веднаш по раѓањето на детето.

„Мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство, значи останува со детето исто како и досега – девет месеци. Но, дополнително, тука се и 4 месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителското отсуство на мајката, значи дека детето, наместо досегашните 9 месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци“ потенцираше Тренчевска.

Демантот на оваа лажна вест сепак не беше доволен за да спласнат реакциите на социјалните мрежи и кај граѓаните. Создадената хистерија за лажното кратење на породилното отсуство потоа се прошири и на тоа зошто таткото требало да добива родителско отсуство.

Во обидот да се критикува, а фатени во лага, проопозициските апологети таргетот на гнев го свртеа во напад на овој нов закон и воведувањето на родителско отсуство за таткото, аргументирајќи дека таткото не треба да се грижи за децата и дека тоа е работа исклучиво на мајката.

Со ваквите ставови и дебати на виделина излегоа ставовите на дел од опозициските апологети дека улогата на жената во општеството ја гледаат само како мајка, додека мажот нема потреба да се грижи за децата.

Таквата поставеност на општеството е тоа што води кон нееднаквост на мажите и жените во општеството, но и на пазарот на труд, поради што жените добиваат споредна улога во општеството и стануваат зависни од мажите.  Со проширувањето на татковството и воведување на четиримесечно родителско отсуство и за таткото се прави чекор кон изедначување на улогата на мајката и таткото во периодот на подигање на детето или децата и во општествените текови.

Tags: лсжни вестипородилно отсуство
Next Post

Од полноќ нови цени на горивата - поскапуваат бензините и дизелот

НАЈНОВО

фото: МИА

Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

October 25, 2025

Слот застана во одбрана на Салах

October 25, 2025

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk