ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

А зошто политичарот да не се кара со новинар?

January 19, 2023 21:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

А, бе, не знам, кој го измисли првото правило што требало да го научи секој политичар, демек, да не се кара со новинари и да и бакнува рака „на повозрасна дама“.

За „постарата дама“ не би пишувал во оваа прилика, но за карањето со новинари имам да кажам дека тоа е едно одвратно шаблонче кое политиката и новинарството, всушност, ги сведува на еден договорен однос. Проблемот, имено, не е што ќе се случи ако политичарот се кара со новинарите, туку што ќе стане ако внимава и не се кара. Па, тоа е чиста корупција, затоа што имплицира, а и во реалноста е така, дека и новинарот нема да се кара со политичарот. На тој начин и двајцата ќе учествуваат во производството и имплементацијата на лажна стварност. Освен тоа, оваа сугестија го пумпа новинарот со важност која почива на можноста да ја злоупотреби својата позиција за одмазда на политичарот кој го повредил или нему му се чини дека го повредил.

Освен тоа, кај нас политичарот наебува уште пред да се закачи со некој новинар, така што и по таа основа нема што да внимава.

Неговата судбина, сакам да кажам не зависи од неговото незакачање, но може да биде подобра ако, кога има добар повод и аргументи, со петата на цокулата, ја смачка квазиновинарската бубашваба.

Во Македонија за темата се расправа на ист начин на кој се расправа за темата за говорот на омразата и за сите други теми, односно скокајќи преку еден драстичен расчекор меѓу моделите на кои се угледуваме и сакаме на декларативно ниво да ги третираме и животот кој е нешто сосема друго.

Не знам зошто се одбива да се прифати оценката дека тие што се претставуваат како новинари, во најголем број не се новинари и не подлежат на никаква друга норма, морална, професионална, стилска, освен на припадноста како критериум, сеедно дали таа припадност е идејно или материјално втемелена.

Значи, ако тој припаѓа на племето кое се бори против власта, ништо нема да го спречи да ја исполни својата задача со тоа што ќе му се даде. А ако не му се даде, тој ќе плива во хистеријата што го обзела и како риба ќе фати некоја мушичка со која ќе може таа власт да ја компромитира.

Во светот нема попристојни и поскромни политичари во јавната комуникација од македонските политичари во власта.

Гарантирам.

Не ги фалам поради тоа, туку ги критикувам.

Фино вика Жижек: Десницата го презеде анти-естаблишмент ставот, ја презеде шегата и непристојноста, а левицата се повлече во некаков пуристички, фанатичен морализам.

Значи до нивото на кое мислам дека им фали закачање со скотовите кои се претставуваат лажно и играат опасна улога. Главно несвесно, затоа што мислам дека немаат свест да ги разберат работите.

Затоа и ги ангажираат на тие задачи.

Тие типови прават злосторства и врз политичарите и врз граѓаните. Дури и кон тие што ги ангажираат или на кои мислат дека им служат.

Тие, нивните уредници, нивните газди, газдите на нивните газди и централната управа на злото-вмро-дпмне.

Тоа е.

Но, наместо жестока реакција на оваа пракса, наместо кршење на шишињата зад шанкот на злото, нас нè тера имитаторската кичерска инерција и расправаме и дури го осудуваме Али Ахмети затоа што рекол дека два центри на злото биле антиалбански формации.

Никој не се занимава со вистинитоста на неговото тврдење.

А тоа е битно.

Ништо друго не е важно.

Сè друго е лажен морал или кампања.

Во која ги повторуваме формулите што од вечерните школи по новинарство.

Неверојатно.

Фино, меко, топло, неспособно за пенетрација, односно, импотентно.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: говор на омразатановинарствохистерија

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk