Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека испраќањето на тенковите Леопард 2 од германско производство „сè уште е дел од тековните консултации“ со земјите кои ја поддржуваат Украина.
Столтенберг, од американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, истакна дека НАТО обезбедува значително повеќе тешко оружје и друга воена помош за Украина.
Тој, одговарајќи на прашањето дали Украина ќе стане членка на НАТО, наведе дека ставот на Алијансата и сојузните што го поддржуваат Киев, е непроменет.
Според Столтенберг на Украина и е потребна по ддршка за одржување на постарата опрема за истата да може „правилно да функционира“.