ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Заеднички да работиме и соработуваме подобрувајќи ги земјоделските и прехранбени производи, овозможувајќи на целото население здрава и безбедна храна достапна за сите

January 21, 2023 17:31
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.

Министрите за земјоделство заеднички го утврдија и текстот на финалното коминике за заеднички одговор на глобаните кризи, нагласувајќи ја важноста од преземање навремени и брзи активности за справување со актуелната криза со храна, со цел да се постигнат одржливи системи за храна.



„Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси, а истовремено и да ги задоволиме потребите за исхрана на нашето население. Истражувањата, иновациите, дигиталните решенија како и размената на искуства можат да придонесат многу за воспоставување на систем за храна отпорни на кризи. Преку одговорна чесна работа, можеме да го зачуваме биодиверзитетот, здравјето на почвата како и нашите традиционални култури.

Ајде заедно да работиме и соработуваме, и да ги подобриме земјоделските и прехранбени производи со што ќе му овозможиме на цело население пристап до здрава и безбедна храна. “, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Министерот Николовски заедно со министрите за земјоделство од Западен Балкан учествуваше на состанокот со Постојната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD каде дебатираа за трансформација на системите за храна како глобален одговор на повеќекратните кризи во контекст на Зелената Aгенда за Западен Балкан.

Добрата регионална соработка и солидарност, отворените граници и слободното движење на стоки и луѓе и отворениот пазар се нашите главни сили за соочување со глобалните предизвици во последните години. Само заедно и обединети можеме да ги надминеме сите предизвици, велат од министерството.

Tags: берлинЉупчо НиколовскиМинистество за земјоделствоодржливи глобални системи за хранашумарство и водостопанство
Next Post

(ФОТО) Манекенка проговори за сексот во бракот со поранешен фудбалер на Ливерпул: „Јас сум дама на улица, палава во кревет“

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk