ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Јавна дискусија за уставните амандмани, одлуките да не се условуват со ситнопартиски интереси

January 23, 2023 17:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека Владата, во однос на уставите измени, планира да почне консултативен процес со кој, конкретно, ќе биде опфатена содржината на амандманите кои треба да бидат предмет на гласање во Собранието. Целта е, како што објасни, да се отвори јавна дискусија во која секој ќе може да го каже своето мислење за амандманите што треба да бидат предложени и усвоени.

Според Ковачевски, земјава ќе го продолжи својот европски пат на кој ќе има и други тешки одлуки кои Собранието ќе треба да ги носи низ политички консензус. Ниту една политичка партија и ниту еден политичар не треба европската иднина и одлуките што ќе треба да се носат да ги условува со ситнопартиски интереси кои може да бидат само од лична корист на некого, порача премиерот.

– Владата планира да почне консултативен процес во однос на содржината на амандманите што треба да бидат предмет на гласање во Собранието. Тој процес ќе почне преку јавна дискусија со заинтересираните страни во државата, тука пред се мислам на Академијата, бизнис заедницата, невладините организации и на другите институции и тоа треба да се случи во најскор можен период со оглед дека пред нас имаме време, бидејќи скринингот ќе трае до ноември, меѓутоа сакаме да отвориме една јавна дискусија во која секој ќе може да го каже своето мислење во однос на амандманите што треба да бидат предложени и усвоени, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Метро“.

Извесно е, потенцира Ковачевски, дека Северна Македонија ќе го продолжи својот европски пат и дека на тој пат до полноправно членство во ЕУ ова е прва од одлуките, но не е ни последна.

– Ќе има голем број тешки одлуки кои Собранието низ политички консензус ќе треба да ги носи. Бидејќи усогласувањето на законодавството, на спроведувањето на законите, на институциите, реформите на јавната администрација, реформи на голем број на други области во општеството ќе значат и голем број одлуки што ќе треба да се донесат. И јас неколку пати повторувам дека ниту една политичка партија, ниту еден политичар не треба европската иднина и одлуките кои ќе треба да се носат да ги условува со ситно партиски интереси што може да бидат само од лична корист на некого. Бидејќи после оваа одлука ќе следат нови одлуки и замислете ако за секоја одлука некој уценува заради некој свој личен интерес. Имаме примери од државите во оокружувањето кои го изодеа тој пат. Тој пат еднаш се изодува, еднаш се преговара и еднаш се станува член на ЕУ, подвлече премиерот.

Низ пример, тој уште еднаш уакажа колку е важен политичкиот консензус. Членството во ЕУ ни е неопходно, дополни, и затоа се носат, но и ќе се носат уште многу одлуки до целосно исполнување на оваа цел.

– Ако го слушате советникот на Владата и на нашиот главен преговарач кој го изодел тој пат со Хрватска, првата работа што ја кажува е политички консензус на овие прашања и тие веќе не се предмет на дневно-политичка дебата, бидејќи од нив зависи европската иднина на државата. Погледнете ги државите кои  влегоа во ЕУ, а кои во минатото беа членки на Варшавскиот договор или беа дел од Југославија. Погледнете го нивниот економски развој пред влез во ЕУ и погледнете ги денес. Погледнете го само бројот на мали и средни претпријатија кои се отворени кај нив по влегувањето во ЕУ. Ние имаме до 30 проценти зголемен број на компании. Погледајте го нивото на невработеност кој е драматично паднат. Погледнете го нивото на плати. Дали за нас беше замисливо во минатото наши сограѓани да одат да работат заради поголеми плати во Чешка, во Словачка, во Полска? Тоа беше незамисливо. Меѓутоа, денес е, зошто? Зашто како земји членки на ЕУ и Полска и Чешка и Унгарија и Словачка сите тие имаат многу повисоки плати зашто се дел од заедничкиот европски пазар и нивните компании работат на пазар од половина милијарда купувачи и така се развиваат и така растат платите, посочи премиерот.

Се осврна и на странските инвестиции.

– Погледнете го нивото на странски инвестиции. Меѓутоа тие странски инвестиции кај нив веќе не се странски инвестиции, тоа се инвестиции на компании од една земја членка на ЕУ во друга земја членка на ЕУ и затоа на нас ни треба членство во ЕУ. И ќе повторам ако треба уште илјада пати. Нашите граѓани заслужуваат да живеат во европска држава ама во европска држава тука во нашата држава, а не во европска држава за европски плати во туѓина. Е затоа се носени одлуките, затоа ќе се носат одлуките и уште многу одлуки до полноправно членство на Северна Македонија, а како цел сме си ја задале 2030 година, подвлече премиерот.

Многу генерации, додаде, се изгубени и поради лажен патриотизам.

– Знаете ли колку генерации имаме изгубено во државата поради лажни патриотизми што се продаваа. А погледнете ги 11-те години што имаме. Имаме споменици и стиропор. Споменици и стиропор го зголемија БДП во државата? Ја намалија невработеноста? Ги зголемија платите? Напротив, во времето кога тие се правеа просечната плата беше многу пониска од тоа што е денес. ИПАРД фондовите беа многу помалку искористени од тоа што се денес. Минималната плата беше повеќе од дупло помала од тоа што е денес. За тоа зборувам јас. Зборувам за патриотизам во кој нашите граѓани ќе имаат поголеми плати и ќе работат тука во својата држава, а не да одат во туѓина по аеродроми, рече Ковачевски.

Извор: МИА

Tags: Димитар Ковачевскиевропски патјавна дискусијастрански инвестицииуставни амандмани
Next Post
Фото: МИА

ЕУ одобри нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk