ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ФОТО) Сообраќајна култура или сообраќаен срам: Да прашаме двапати „Koj e крив?!“

January 24, 2023 18:48
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се вели дека сообраќајната култура е реален одраз на цивилизираноста на една земја, па ако ова е вистина и ако судиме по нашата сообраќајна култура можеме да дознаеме какви сме навистина.

На социјалните мрежи секојдневно се споделувуваат фотографии од примери како постојано се загрозува текот на сообраќаајот, но и животот воопшто, блокирајќи пристап на возило на Брза Помош, противпожарно возило и слично и сето тоа затоа што се нема доволно места за паркирање или култура да се паркира каде што треба.

Разговаравме со администраторите на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, кои како што велат ја создале оваа група за да може да се изрази револтот на граѓаните за сообраќајниот хаос и можеби на ваков пасивен начин некој да се засрами или да го промени своето однесување.

„Мотивот околу создавањето на оваа група, беше првично да се изрази револтот кај граѓаните за сообраќајниот хаос, барем и на еден ваков пасивен начин. Второ, секако, да се види дали некој ќе се засрами доколку е фотографиран. Мене лично постојано ми пишуваат, често и со закани за да го избришам неговиот/нејзиниот прекршок“, вели администраторот на групата Ѕид на сообраќајниот срам, каде што секојдневно се споделуваат примери од лошото паркирање и други сообраќајни прекршоци.

Тој вели дека досега имало многу решенија и предлози, што да се направи и како да се промени и подобри ситуацијата, но ништо не се случило.

Во текот на вчерашниот ден, на територија на цела држава изречени се 164 казни за брзо возење, односно за возачите кои го управувале своето возило со брзина поголема од дозволената. На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 100 мерки. Како што соопшти денеска МВР, од сите тие за возење без возачка дозвола се седум санкции, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…

Но, состојбата во главниот град бележи тренд и на секојдневно зголемување на возилата вклучени во сообраќајот, а се помалку паркинг простор, но и лошо паркирање како и паркирање на места каде што не е дозволено.

Преку социјалните мрежи граѓаните секојдневно споделуваат фотографии и статуси со кои реагираат на секојдневна узурпација на површини кои не се наменети за паркирање, како на пример, улици, тротоари и слично, каде што се паркираат возила и сето тоа пречи и никој не реагира, најмалку пак Општините.

Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија каде што се гледа како возило на Брза помош не може да помине затоа што паркиран автомобил ја блокирал улицата.

 

Исто така вчера епитетот најлошо паркирано возило во групата е ова возило паркирано на тротоар пред билборд среде скопски Центар. Е баш тука има паркинг и повеќе катни гаражи.

Што е главниот проблем, некаде нема паркинг, некаде, се изградени многу станбени комплекси без доволно паркинг места, па возилата се паркираат на улица, а некаде се има сè, и куќа, и паркинг место и гаража, но се нема сообраќајна култура или култура воопшто, па возилата стојат на половина улица, веднаш до гаражата.

 

Скопски Аеородром

Од Министерството за внатрешни работи за ваквите ситуации, каде што половина улица е скратена за паркинг места, велат дека граѓаните мораат да побараат помош и поддршка од Општините, сообраќајната полиција презема мерки, но факт е и дека нема доволно паркинг простор.

 

„МВР на цела територија на РСМ превзема мерки за санкционирање на прекршокот неправилно запирање и паркирање. Но, исто така, факт е дека во сите општини има недостаток на доволен број паркинг места како околу станбените објекти така и околу голем број деловни објекти, трговски центри, пазари и др., што е прашање во надлежност на локалните самоуправи“, соопштија од МВР.

А.Т.

Извор: Бриф

Tags: Град Скопјелокални самоуправиопштинипаркинг просторполицијасообраќаен хаос
Next Post

Дваесет од 100 000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, потребна е масовна ХПВ вакцинација и ХПВ примерен скрининг

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk